Зграда висока 210 метри: Облакодер со дупка или џиновска скулптура?

Зграда висока 210 метри: Облакодер со дупка или џиновска скулптура?

Во иднина, Саркостил може да стане голема туристичка атракција во Њујорк – градот што го посетиле дури 66 милиони домашни и странски гости во 2019 година, но оваа година страда од пандемијата на коронавирусот, како и остатокот од светот. Експертите проценуваат дека туристичката активност на Големото Јаболко ќе се врати на старите бројки за пет години. За тоа време би можел да се изгради Саркостил.

Зграда висока 210 метри: Облакодер со дупка или џиновска скулптура?

Станува збор за концептуален облакодер висок 210 метри, замислен од турското студио „Hayri Atak Architecture and Design“ како монументална скулптура со големи дупки, што би ја разубавила панорамата на Големото Јаболко, поточно на Менхетн. Името го добила по конците што ги градат мускулни влакна во телото, па не е ни чудо што изгледа како зградата да „се врти“ исто како нив. Покрај тоа, Саркостил е дизајниран да блеска во текот на денот, овозможувајќи им на љубопитните луѓе да го забележат од сите страни.

Зграда висока 210 метри: Облакодер со дупка или џиновска скулптура?

Основачот на студиото, Хајри Атак, тврди дека сакал да дизајнира зграда што потсетува на жив организам. Токму затоа Саркостил одлично се вклопува во панорамата на Њујорк уште на прв поглед, но не личи на ниту една друга зграда што се наоѓа таму.

Зграда висока 210 метри: Облакодер со дупка или џиновска скулптура?

Погледнете ја празничната атмосфера во францускиот град Колмар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар