Земји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус

Земји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус

Вакцините против коронавирусот се одвиваат низ целиот свет и многу патници се надеваат дека ова ќе им овозможи да патуваат непречено како порано. И додека уште се расправа за таканаречениот ковиден пасош, некои земји веќе започнаа со ублажување на ограничувањата за патниците кои биле вакцинирани или оние кои имаат медицинско уверение за вакцинација.

Во некои земји процесот се одвива побрзо, а веста дека можеме да патуваме во одредени земји без негативен тест и задолжителен карантин е оптимистичка за многумина. Од Словенија до Сејшелите, подолу ви ги пренесуваме сите земји во кои можете да патувате по приемот на вакцината.

Земји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус

Словенија

Можете да влезете во Словенија ако исполнувате еден од следниве два услови. Ако сте имале ковид-19, можете да презентирате медицинско уверение на границата (под услов да не поминале повеќе од 6 месеци од почетокот на симптомите). Вториот услов е да сте примиле вакцина и да имате и лекарско уверение.

Естонија

На патниците кои имаат потврда дека ја примиле пропишаната доза на една од 9-те меѓународно признати вакцини им е дозволено да влезат во земјата без ограничувања. Сертификатот за вакцинација мора да биде напишан на естонски, руски или англиски јазик. Укинати се и ограничувањата за луѓето кои имале ковид-19 во изминатите 6 месеци – таквите патници, покрај лекарско уверение, мора да имаат и неодамнешен тест за ПЦР со кој се докажува дека веќе не се заразени со коронавирус.

Кипар

Кипар уште во декември објави дека ќе ги ослободи вакцинираните патници во својата земја од пропишаниот карантин. Оние кои ќе покажат докази на граница дека ги примиле обете дози на вакцината, ќе можат да влезат во земјата без дополнителен негативен ПЦР тест. Ова веројатно ќе се однесува само на патниците кои доаѓаат од дестинации што се на списокот на безбедни земји, а одлуката треба да стапи во сила на 1 март.

Грузија

Грузија исто така одлучи да ги ослободи патниците кои примиле две дози од која било вакцина против коронавирус. Како доказ, патниците мора да покажат лекарско уверение. Сите оние кои не биле вакцинирани, мора да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа. Покрај тоа, потребно е да се изврши уште еден тест на третиот ден од престојот во земјата.

Земји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус

Исланд

Вакцинираните патници од земјите на Европската Унија и Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија нема да мора да одат во карантин по пристигнувањето во Исланд од 1 мај, ниту ќе бидат принудени да покажат негативен ПЦР тест. За ова ќе ви треба документ напишан на англиски јазик што докажува дека сте примиле две дози од една од трите главни вакцини.

Полска

Патниците од земјите на ЕУ можат да ја посетат Полска без да подлежат на задолжителен десетдневен карантин врз основа на потврда за докажување дека биле вакцинирани против ковид-19. Оние кои имаат негативен тест не постар од 48 часа, исто така можат да заминат во Полска без да одат во карантин.

Романија

На 18 јануари, Романија го укина карантинот за вакцинираните патници. За оние кои имаат најмалку 10 дена од приемот на втората доза на вакцина и кои имаат доказ дека ја примиле вакцината, задолжителниот карантин при влегувањето во земјата е укинат.

Сејшели

Сејшелите исто така им се придружија во јануари на земјите кои го укинаа задолжителниот карантин за вакцинираните патници. Сепак, оние кои примиле целосна доза на која било вакцина, на граница мора да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, со лекарска потврда дека биле вакцинирани. Патниците кои не примиле вакцина, со негативен тест мора да одат во карантин од 10 дена.

Прочитајте за најубавата џунгла од камени кули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар