Зближете се со вашата мачка со помош на оваа неверојатна четка!

Зближете се со вашата мачка со помош на оваа неверојатна четка!

Ако сте вистински љубители на мачки, сигурно сте виделе многу уникатни производи наменети за вашето домашно милениче, но, оваа четка е нешто сосема поинакво! Четката за лижење е наменета за да ги зближи човекот и мачката, затоа што мачките го користат лижењето како метод на поврзување. На овој начин ќе развиете поблиска врска со нив, слично како што тие се поврзуваат со нивните мали мачиња. Држете го едниот крај од четката во устата и почнете да ја лижете вашата мачка. Можеби на почетокот ќе ви изгледа малку чудно, но потоа ќе се привикнете и ќе ви стане омилена активност.

За вистинските љубители: Бидете поблиски со вашата мачка со помош на оваа неверојатна четка!

Засега четката е достапна во претпродажба, а извозот на овој одличен производ ќе започне во јануари 2017. Па, останува да причекаме уште малку! Погледнете го следново видео за да откриете за што точно станува збор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар