Заведувањето е „игра“ за двајца: Еве на што не може да му одолеат мажите и жените

Привлекувањето може да изгледа како едноставно и логично нешто што треба да го направите кога некој ви се допаѓа, но кога ќе размислите малку подлабоко за тоа што е тоа што ги освојува мажите и жените, ќе откриете дека се работи за нов фасцинантен свет од нешта што чекаат да бидат откриени.

Заведувањето е „игра“ за двајца: Еве на што не може да му одолеат мажите и жените

Науката направи некои интересни истражувања во оваа област и откри што е она на што најмногу „паѓаме“ во играта на заведување.

Мирисот

Иако им е важно како изгледа мажот, за жените е важно и како тој мириса. Додека мажите повеќе обрнуваат внимание на изгледот на жената, дамите му се препуштаат на сетилото за мирис.

Ако шетате кучиња привлекувате поголемо внимание

Мажите сакаат да се пошегуваат дека кучињата што ги имаат им ги зголемуваат шансите да ги освојат дамите. Бебето е доказ дека мажот не е сам, додека шетањето на кучето е исклучително добра можност да запознаат некоја припадничка од поубавиот пол во паркот.

Црвената е боја на привлечноста

Црвената отсекогаш била боја на љубовта, страста, моќта и високата позиција. Цела оваа комбинација создава возбудлив „коктел“ кој има влијание и врз мажите и врз жените. Затоа жените секогаш изгледаат толку привлечно во црвен фустан, додека мажите облечени во црвено добиваат поголемо внимание. Потребна е храброст да се носи оваа боја.

Контролирајте го вашето телесно држење

Ставот доаѓа природно. Кога некој ви се допаѓа, тогаш се чувствувате убаво и не обрнувате внимание во која позиција е вашето тело.

Жените се тие кои го прават првиот чекор

Ова е еден вид игра што се случува во потсвеста и честопати не сме ни свесни што се случува и како се одвиваат нештата. Кога на еден маж му се допаѓа одредена жена, тој ја погледнува, а кога таа му возвраќа со заводлив поглед всушност покажувајќи му дека е заинтересирана и ставајќи му на знаење дека може да ѝ пристапи. Подолгиот контакт со очите, насмевките и другите мали гестови што се случуваат пред каква било комуникација се преземаат како иницијатива од мажот, но денес, жената е таа која го прави првиот чекор.

Бараме показатели дека некој е здрав

Биолошки сме предодредени да бараме потсвесни докази од потенцијален партнер дека тој или таа е здрава и може да овозможи прокреација. Иако звучи малку грубо, вистина е. Ние ги сакаме луѓето кои имаат чиста кожа на лицето, свеж здив и густа коса. Тоа се знаци дека некој има добро здравје.

Сè е во харизмата

Самоуверените и шармантни луѓе добиваат поголемо внимание од спротивниот пол. Харизмата е нешто на што тешко може да влијаеме, но харизматичните луѓе лесно се препознаваат. Кога ќе сретнете таква личност, едноставно нема да можете да ја сокриете својата возбуда.

Можеби сакате да ги прочитате и 7-те нешта кои можеби не сте ги знаеле за сексот и привлечноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар