Запознајте го мажот кој паднал во кома и се разбудил во 3906-та година

Запознајте го мажот кој паднал во кома и се разбудил во 3906-та година

Од научна гледна точка, патувањето низ времето е невозможно. Сепак тоа е тема на разговор веќе со децении. Патувањето низ времето е концепт на движење напред или назад во разни точки низ времето, слично како поместувањето во просторот.

mazhot-koj-padnal-vo-koma-i-se-razbudil-vo-3906-ta-godina-kafepauza.mk

Некои интерпретации на патувањето низ времето укажуваат и на можноста за патување помеѓу разни реалности или паралелни универзуми. Можностите би биле бесконечно многу ако ова е возможно.

Иако речиси секој од нас прочитал книга или гледал некој филм за патување низ времето, малкумина се оние кои ја имаат слушнато приказната за човекот кој наводно патувал во годината 3906 откако паднал во кома. Оваа приказна е навистина чудна, тешко е да верувате во неа, но и покрај тоа е навистина убава и интересна.

Пол Диенах бил жртва на чудна болест и цела година бил во кома. Откако се разбудил тој бил убеден дека неговата свест отпатувала во телото на човек кој живеел во 3906-та година. Сè што Пол преживеал додека бил во иднината е запишано во книга со име „Хроники од иднината“ (Chronicles of the Future). Книгата е запис направен според дневникот кој го водел Пол. Приказните за патувањето низ времето почнуваат во 1921 година кога Пол се разболел и паднал во кома. Во тој период тој бил хоспитализиран во болница во Женева. Штом се разбудил од комата и ја победил болеста, тој почнал да пишува дневник во кој тврдел дека и покрај тоа што бил во кома, тој бил целосно буден и искусил нешто неверојатно.

Свеста на Пол успешно отпатувала во телото на човек по име Андре Нортман, кој живеел на Земјата во 3906 година. Токму во таа година, Андре бил жртва во неколку несреќи кои резултирале со искуство близу до смртта. Откако Андре се разбудил, почнал да зборува непознат јазик. Се верувало дека зборувал германски јазик од 20-тиот век. Тој не го препознавал своето семејство и постојано бил буден бидејќи не можел да заспие.

Според записите на Пол, луѓето од 3906 година забележале дека во телото на Андре престојувала туѓа свест. Тие решиле да ја искористат оваа ситуација и да му помогнат на Пол да открие што е можно повеќе за животот во иднината.

Покрај многуте работи кои ги научил во текот на оваа година, најважното нешто било појавувањето на нов вид човечки суштества наречени Хомо очиденталис новус (Homo Occidentalis Novus), што во превод би значело Западен нов човек. Кога се разбудил од комата, Пол иако едвај чекал да го раскаже своето искуство, на почетокот решил да молчи бидејќи знаел дека ќе го нарекуваат лудак.

Во 1922 година, тој се преселил во Грција каде што почнал да предава француски и германски јазик во некое локално училиште. Помеѓу неговите ученици бил и Џорџ Папахацис кој го опишал Пол како едноставен човек кој обрнува внимание на деталите. Откако поминал неколку години во Грција, Пол решил да се пресели уште еднаш, овој пат во Италија. Пред да замине му го дал дневникот на Џорџ. По некое време Џорџ го превел дневникот од германски на грчки јазик, а преводот станал книгата „Хроники од иднината“.

Погледнете ги и овие докази дека патувањето низ времето е возможно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар