Загрижени сте затоа што вашето дете го цица палецот? Не грижете се, тоа има и една добра страна

Загрижени сте затоа што вашето дете го цица палецот? Не грижете се, тоа има и една добра страна

Истражувањата потврдуваат дека раната изложеност на нечистотии и бактерии го намалува ризикот од развој на алергии во подоцнежна возраст.

Загрижени сте затоа што вашето дете го цица палецот? Не грижете се, тоа има и една добра страна

Постојат голем број теории зошто бројот на алергични меѓу децата се зголеми толку многу во последните децении, а резултатите од истражувањето спроведено во медицинското училиште „Данедин“ во Нов Зеланд ја поддржуваат т.н. хигиенска хипотеза според која неизложувањето на микроби во раното детство е причина за појава на алергии.

Развој на астма

Научниците открија дека 45% од децата на 13-годишна возраст имаат барем една лесна реакција на алерген, било да е тоа мачка, куче, прашина, трева или печурки. Но, таа бројка се намалува на само 31% кај децата кои ги цицаат палците и ги грицкаат ноктите, а доколку имаат само една од тие две навики, зачестеноста е 40%.
Но, се чини дека ниту една од овие две навики не влијае на развојот на астма.

Изложеност на бактерии

Според професор Малком Сеарс еден од авторите на студијата, истражувањето ја потврдило тезата дека раната изложеност на нечистотии и бактерии го намалува ризикот од развој на алергии во подоцнежна возраст.

Тој додава дека научниците претпоставуваат дека децата што го ставаат прстот во устата ја зголемуваат изложеноста на бактерии, а тоа позитивно влијае на развојот на нивниот имунолошки систем. Истражувањето открило дека позитивниот ефект продолжува во зрелоста и не е засегнат од присуството на пушачи во домот или од изложеноста на прашина и бубачки.

Можеби сакате да прочитате и за првото долгорочно истражување кое покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар