За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од авионската карта

Стив Хуи е специјалист за безбедност при патување со воздушен сообраќај. Тој секојдневно гледа стотици фотографии објавени на Интернет од страна на луѓе кои сакаат да им се пофалат на пријателите за нивното претстојно патување. Но, тие не сфаќаат дека овие навидум безопасни фотографии можат да ги загрозат плановите за нивното патување. За да им помогне на луѓето да се заштитат од криминалци, Стив споделува неколку совети. Информациите што ќе ги прочитате во продолжение можат да ви бидат од голема корист.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Вашата карта за летање може да содржи повеќе информации отколку што мислите

Таа не го покажува само вашето име и каде сакате да летате, туку исто така им дава пристап на луѓето до некои строго доверливи информации, со што им давате можност да ја изменат или откажат вашата резервација. Колку е лесно да се добие пристап до нечии информации? Стив секојдневно се соочува со фотографии каде што луѓето ја прикажуваат картата за летање со нивното име и дестинација, сакајќи да ја споделат својата возбуда. Но, постојат многу клучни информации кои се отпечатени овде: Името и презимето, бројот на билетот или резервација и баркодот. На 30-ти август еден патник објавил фотографија од неговата карта, па Стив одлучил да истражува до колку информации може да дојде. Значајните детали се заматени за да се заштити патникот.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Колку е лесно да се добие пристап до информациите на патникот?

Фотографијата била објавена од патник кој летал со Делта Ерлајнс. Делта објавува неверојатен износ на информации, вклучувајќи го и бројот на електронскиот билет, резервацијата, бројот на лет, па дури и колку багаж имате пријавено. Во категоријата „Управување со моите резервации“ сѐ што треба е да се впише името на патникот и бројот на е-билетот или резервацијата.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Бидејќи сето тоа е прикажано на картата, многу е лесно да се најавите и да ги видите сите детали на патникот.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Така, можете да го видите целиот пат на таа личност и кога и каде одат. Деталите исто така вклучуваат број на седиште, детали за колку често летаат и бројот на билет.

Но, тоа не е сѐ!

Истражувајќи понатаму, лесно е да се види цената која била платена, датумот на продажба, па и последните четири бројки на картичката која се користела при плаќање. Некои дури би можеле да ги користат овие информации за да го откажат или да го променат летот, местото или пак да предизвикаат други проблеми.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Ова не е најлошото нешто

Дури пострашно е тоа што може да се открие од баркодот. Во овој пример, можеме да видиме дека патникот објавува слика на социјалните мрежи каде што се обидува да ги сокрие важните информации, но не и баркодот. Имено, тој во основа ги содржи сите информации за картата за патувањето, сочувани во посебно читлив формат. Иако можеби мислите дека компјутерите на аеродромите се единствените уреди кои можат да го прочитаат ова, вистината е дека секој може да го чита баркодот. Постојат многу програми на Интернет што обезбедуваат информации врз основа на фотографијата која ќе ја поставите.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Во овој случај, Стив бил во можност да ги согледа сите детали на патникот без да го види остатокот од картата. Текстот дал податоци за целосното име и презиме, бројот на лет, патот, резервациите, бројот на картата и уште многу повеќе. Пристапот до овие информации е многу полесен отколку што можете да си замислите. Не само што податоците можат да бидат искористени за кражба на идентитет, туку би можеле да се соочите и со финансиски загуби.

За ваша безбедност, никогаш не објавувајте фотографии од картата за летање

Па, лесно е да се види колку многу податоци прикажуваат овие навидум невини фотографии. Иако сакате да ги споделите своите чувства со вашите пријатели на Фејсбук или Инстаграм, внимавајте затоа што ризикот од кражба на идентитет е многу висок. Доколку сепак сакате да ја споделите својата возбуда, тогаш направете ги матни сите важни информации. Како и да е, многу подобро и посигурно е да објавите слика каде што уживате во вашиот одмор!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар