Времето поминато под туш може да го покаже степенот на вашата осаменост

Дали и вие уживате во долгото туширање? Доколку вашиот одговор е потврден, тогаш ова може да се разгледа и од малку подлабок аспект. Всушност, дали сте знаеле дека времето коешто го поминувате под тушот може на некој начин да го покажува степенот на вашата осаменост?

Што претставува самотијата?

Одделот за психологија при Универзитетот во Чикаго ја дефинира самотијата како:

„Несреќа којашто произлегува помеѓу идеалните и разбирливите општествени односи.“

Со други зборови, таа претставува разочарување, чувство дека не се поврзувате со другите луѓе или пак, дека не сте среќни во нивно присуство и тоа ве вознемирува.

Научниците посочуваат дека многу фактори влијаат на тоа како различни луѓе одговараат на осаменоста, почнувајќи од како тие ги регулираат своите емоции и колку сметаат дека одредена врска им е потребна.

И не секогаш осаменоста изгледа исто кај секого. Понекогаш таа не е толку очигледна како на пример кога една личност долго се загледува во празен простор или пак, кога слуша депресивна музика. Изненадувачко е тоа што еден од клучните знаци на осаменоста не е чувството како да немате доволно пријатели. Некои луѓе коишто се соочуваат со осаменост се добро социјално поврзани, но сепак се чувствуваат изолирано од другите.

Долгото време поминато под туш може да биде показател за осаменост

Според истражувањата направени од страна на Универзитетот Јејл, луѓето коишто претпочитаат долго туширање или лежење во када, може потсвесно да се водени од чувството на осаменост.

„Колку една личност е поосамена, толку почесто ќе се тушира, водата ќе биде потопла и ќе останува подолго време“, вели психологот Џон Барг, истражувач од Универзитетот Јејл.

Со истражувањето било откриено дека топлата вода во кадата или во тушот делува како замена за друштво, при што може да се елиминира чувството на изолација. Исто така со ова истражување било откриено и дека чувствата на социјална топлина и социјален студ може да бидат предизвикани од физичка топлина или студ. Со други зборови, ако сакате да поминете една вечер во топла атмосфера, носете нешто удобно и пријатно. Уште поинтересно е сознанието дека држењето чаша со топол пијалак може да направи да имате повеќе доверба кон другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар