Водич за бакнување од 1940 година што и денес е интересно релевантен

Бакнувањето може да обезбеди втор состанок кој ќе резултира со уште бакнување, да води до секс, па дури и да поттикне нова, сериозна врска. Но исто така може да има и штетни последици на вашиот живот. Еден погрешен бакнеж и сè е завршено. Како што изгледа, има правилен и погрешен начин на бакнување. Во 1942 година, едно списание објавило фото-водич за тоа како да се бакнувате.

vodich-za-baknuvanje-od-1940-koj-e-interesno-relevanten

Можете да погодите кој е правилниот, а кој погрешниот начин на бакнување?

Иако ова издание е децении зад нас, сепак може да ви ја покаже класиката од која и денес може многу да се научи. Сè е во начинот на држење на телото и може да биде многу корисно во модерниот романтичен живот. Прочитајте во продолжение за што станува збор…

Последното нешто што сакате да го направите е да се бакнувате како да ќе бегате

Актери се бакнуваат на сцена, изгледаат премногу детско бидејќи многу се оддалечени

Ова е пристојно доколку и двајцата имате 5 години. Никогаш не треба да стоите премногу оддалечено освен ако не сакате да изгледате како малолетник или како да криете возбудување долу.

Стоењето близу е добро, но не сакате ни да претерате

Момчето и девојката треба да стојат близу едни до други, но да не се држат премногу цврсто

Можете да застанете близу и да бидете романтични без да се држите како да се вашите последни моменти на планетата Земја.

Истегнувањето на столче е најлошото нешто што можете да го направите

Лежењето на столица се смета за неграциозно, тоа е лоша техника

Постојат ситуации кога страстите навистина се разгоруваат, но девојката може да се доведе во непријатна положба ако нејзиното здолниште или фустанот ѝ се повлече нагоре. Исто така изгледа како таа да се удавила и како момчето да пробува да ја оживее.

Правилниот начин на бакнување крај столче зависи од држењето на телото

Девојката треба да биде потпрена на едната страна од столицата, а момчето треба да ја држи цврсто, но нежно

Зарем треба да се каже нешто повеќе?

Сте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар