Во ред е ако погрешите, вие сте сепак само луѓе

Во ред е ако погрешите, вие сте сепак само луѓе

Луѓето се секогаш строги кон себе. Од некоја причина мислиме дека постои мапа, сет правила кои треба да ги следиме за да постигнеме добар живот, животот кој треба да го имаме, можеби и животот од нашите соништа. Затоа, продолжуваме напред, ги одредуваме ваквите цели и ветуваме дека ќе ги исполниме, независно за што станува збор – пари, едукација, работа, патувања, семејство или социјален статус и велиме: „Треба да стигнам дотаму.“

Во ред е ако погрешите, вие сте сепак само луѓе

И постојано се обидуваме да го сториме тоа, да стигнеме до некаде, заборавајќи колкав пат сме поминале и сѐ што сме постигнале досега. Прекрасно е да се имаат цели. Прекрасно е да ги видиме нашите животи како се редат пред нас, и покрај сите кривини и остри агли да продолжиме да веруваме во она што го сакаме. Толку силно, што сите тие кривини пред нас не изгледаат толку страшно.

Паметно е да имаме визија каде сакаме да бидеме и да го оствариме тоа со сиот потребен ентузијазам, со бестрашност. Но, не смееме да заборавиме каде се наоѓаме сега. Не смееме да заборавиме на нашите моментални успеси, во сегашноста, на среќата која сме ја постигнале, моќните лекции кои сме ги научиле, неверојатните луѓе кои сме ги запознале и светот на нештата кои веќе сме ги достигнале.

Ние сме живи. Дишеме. Сме преживеале уште еден ден и тоа е доволна причина за прослава и достигнување за кое никогаш не се наградуваме. Колку пати сте станале од земјата, сте ја истресле прашината од себе и одново сте започнале? Колку дена сте продолжиле понатаму иако веќе сте стигнале до крајот? Од колку моменти сте се откажале, од колку соништа, а можеби дури и од животот?

Но на крајот, сепак сте истрајале. Сте поминале низ секоја пречка, независно од нејзината големина, низ секоја промена, низ секој страв. Сте стигнале до овде, до денес. И, знаете што? Овде и денес е сосем доволно.

Честопати ги гледаме само целите пред нас. Местата каде треба да појдеме, каде треба да бидеме следно, тоа што доаѓа. Но, што е со токму овде и токму сега? Оние работи до кои веќе стигнавме. Тоа е големо достигнување. Никогаш не престанувајте да барате, да бркате, да трагате. Никогаш не се откажувајте.

Но, одвојте барем една секунда да се потсетите колку сте прекрасни во овој миг и бидете горди на тоа колку далеку сте стигнале. Во ред е да погрешите, сепак, вие сте само луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар