Во кој град живеат најчесните луѓе?

Екипата на „Reader’s Digest“ сакала да открие во кој град живеат најчесните луѓе, па случајно „изгубила“ 192 паричници на улиците низ целиот свет. Оставале паричник на улица и набљудувале дали пронаоѓачот ќе го врати назад на сопственикот. Во секој од нив се наоѓало името на сопственикот, неговиот телефонски број, семејна фотографија, купони, визит-карта и 50 долари.

vo-koj-grad-zhiveat-najchesnite-lugje-kafepauza.mk

Оставани се по 12 паричници во градовите, и тоа на најразлични места, во парковите, во шопинг центрите, по плоштадите. Погледнете каде и по колку се вратени назад.

  1. Хелсинки (вратени 11 од 12 паричници)
  2. Мумбаи (вратени 9 од 12 паричници)
  3. Будимпешта (вратени 8 од 12 паричници)
  4. Њујорк (вратени 8 од 12 паричници)
  5. Москва (вратени7 од 12 паричници)
  6. Амстердам (вратени 7 од 12 паричници)
  7. Берлин (вратени 6 од 12 паричници)
  8. Љубљана (вратени 6 од 12 паричници)
  9. Лондон (вратени 5 од 12 паричници)
  10. Варшава (вратени 5 од 12 паричници)
  11. Букурешт (вратени 4 од 12 паричници)
  12. Рио де Жанеиро (вратени 4 од 12 паричници)
  13. Цирих (вратени 4 од 12 паричници)
  14. Прага (вратени 3 од 12 паричници)
  15. Мадрид (вратени 3 од 12 паричници)
  16. Лисабон (вратени 3 од 12 паричници)

Од вкупно 192 оставени паричници, вратени се само 90, односно 47%.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар