Вистинското пријателство помеѓу ова дете и куче ќе ви го стопи срцето!

Вистинското пријателство помеѓу ова дете и куче ќе ви го стопи срцето!

Запознајте ги 3-годишниот Бади и лабрадудлот Риган (мешанец добиен со вкрстување на лабрадор и пудла). Бади бил посвоен кога имал само 11 месеци и оттогаш ја добива безусловната љубов на Риган. Ова неодоливо дуо прави сѐ заедно, без разлика дали станува збор за бањање, пиење кафе, спиење или лулање на лулашки.

Вистинското пријателство помеѓу ова дете и куче ќе ви го стопи срцето!

„Приказната за Риган и малиот Бади мораше да биде раскажана. Овие прекрасни фотографии ја покажуваат нивната нераскинлива врска од моментот кога прв пат се запознаа, па сѐ досега, речиси две години подоцна. Нивното пријателство е цврсто и неодоливо. Риган има одличен однос со децата и другите кучиња. Посвојувањето на Риган беше најдобрата одлука што некогаш сме ја донеле. Ова куче донесе толку многу радост во нашите животи“, открива Сенди Свиридоф, бабата на посвоеното момче.

За некое време ќе излезе книга за пријателството меѓу Бади и Риган која ќе биде наменета за хуманитарни цели со цел да ги поддржи организациите на луѓето што сакаат да посвојат дете. Во продолжение погледнете ги прекрасните фотографии од овие слатки пријателчиња кои ќе ви го стопат срцето…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар