Вистинската причина зошто секогаш мразите како изгледате на фотографии

Вистинската причина зошто секогаш мразите како изгледате на фотографии

Денес луѓето многу се фотографираат, многу повеќе од порано, а особено „милениумските деца“, кои сакаат да ги испробуваат сите фототрендови, да направат по 50 различни варијанти на селфиња пред да одлучат да споделат една фотографија на социјалните мрежи. Или пак можеби ниедна…

Можеби вие би ѝ рекле на вашата пријателка дека изгледа добро барем на 30, но таа мисли дека од „конкретната фотосесија“ нема ниедна добра. Ако сега се запрашате како вие се доживувате на фотографиите од себеси, веројатно би ја дале истата проценка – не изгледате добро на ниедна.

vistinskata-prichina-zoshto-sekogash-mrazite-kako-izgledate-na-fotografii-kafepauza.mk

Науката има објаснување зошто баш себеси не се сакаме кога ќе се видиме на фотографија. Причината е комплексна, по малку и навредлива, но некако логична.

Според Ник Стоктон од „Wired“, причината е во огледалата.

Еве за што се работи… Кога се гледаме во огледало, можеби ни изгледа како да се гледаме себеси, но всушност гледаме превртена слика од себе.

Стоктон ја објаснува важноста на концептот познат како „целосна изложеност“ кој бил развиен од страна на Роберт Зајоник во доцните 60-тите години на минатиот век. Според него ние имаме тенденција да реагираме поблагонаклонето кон работите на кои сме навикнати, вклучувајќи ги и нашите лица.

После години поминати во набљудување на себеси во огледало и развивање самобендисаност ни станува вообичаено да гледаме како нашето лице гледа назад во нас. Она што е проблематично во врска со ова е дека фотографиите не се слики од огледало. Тие ни покажуваат како навистина изгледаме.

Сме се навикнале дека нашата насмевка на пример ни ја подига устата на левата страна, а нашето десно око се спушта малку повеќе од левото. Па, кога ќе видиме слика од себеси со превртени црти, тоа ни изгледа туѓо.

Законот за целосна изложеност вели дека развиваме преференции за работите кои сме навикнати најчесто да ги гледаме, а ние ретко се гледаме себеси така како што сме претставени на фотографиите.

Сте се запрашале на пример зошто селфињата што ги објавувате на Снепчет ви се поприфатливи од оние што ги правите со обичната камера на вашиот телефон? Покрај тоа што е скоро невозможно да не изгледате атрактивно после 3 слоја филтри, леќата на Снепчет не ја превртува сликата наопаку. Кога ја користите предната камера за селфи преку Снепчет, таа ќе направи превртена слика од вас – онака како што сте навикнати да се гледате во огледало.

Значи, кога не ни се допаѓа некоја слика од нас, тоа не значи дека мислиме дека сме грди. Едноставно повеќе ни се допаѓа превртената слика од нас.

Не се работи ни за тоа дека едната верзија е подобра од другата, туку само за навиката да се гледаме себеси на одреден начин. Еве добро објаснување и за раширениот тренд за правење селфиња во огледало.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар