Вистинска инспирација: Гугл сподели фотографии од нивната прва канцеларија во гаража

Вистинска инспирација: Гугл сподели фотографии од нивната прва канцеларија во гаража

Денес сите секојдневно користиме Гугл и секој има слушнато за него. Тоа е огромна компанија вредна 800 милијарди долари со 90.000 вработени. Но, Гугл не бил отсекогаш олку голем.

Вистинска инспирација: Гугл сподели фотографии од нивната прва канцеларија во гаража

Овој месец фирмата прави 20 години, а нејзиниот скромен почеток ќе ви докаже дека можете да земете нешто мало и да го направите неверојатно. Кога Гугл започнала како Интернет стартап компанија, имало само двајца вработени – основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин. Покрај тоа, тие работеле од гаража!

Вистинска инспирација: Гугл сподели фотографии од нивната прва канцеларија во гаража

Звучи невозможно, зарем не? Но, сега можете да направите виртуелна тура низ гаражата од 1998-ма година. Фотографиите се именувани „Гаражата на Сузан“ по Сузан Војчицки која им го изнајмувала просторот на основачите.

Вистинска инспирација: Гугл сподели фотографии од нивната прва канцеларија во гаража

Со помош на опцијата street-view ќе ги видите дрвените работни маси и 20-годишниот десктоп компјутер со бета верзија од оригиналното лого на Гугл. Исто така, има многу картонски кутии, жици, перална, па дури и шише за пиво. Сè што можете да очекувате од стартап опериран од нечија гаража.

Вистинска инспирација: Гугл сподели фотографии од нивнaта прва канцеларија во гаража

Се разбира, Гугл одамна ги напушти гаражите за нешто поголемо. Компанијата е присутна насекаде во светот, а сега имаат канцелариски комплекс во Калифорнија со површина од околу 186.000 метри квадратни и со 20.000 вработени.

Можеби високата кирија спречува многумина да започнат свој бизнис или да ја развијат својата идеја. Но, приказната на Гугл покажува што навистина можете да направите. Размислувајте „надвор од кутијата“, најдете начин и невозможно е да кажете колку многу можете да постигнете.

За дополнителна мотивација, погледнете кои се секојдневните навики на светските милијардери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар