Вие ќе бидете многу посреќни кога ќе престанете да ги осудувате другите

Вие ќе бидете многу посреќни кога ќе престанете да ги осудувате другите

Размислете, кога последен пат сте почувствувале вистинска среќа? Која била причината за тоа? Дали сте биле радосни затоа што сте направиле нешто? Или поради начинот на којашто сте изгледале? И најважно: Дали траело чувството? Будизмот нè учи дека можеме да постигнеме задоволство во животот со свесност и учење. Научните истражувања пак, покажуваат дека за трајна среќа ни треба психолошко здравје.

Во психологијата постои теорија наречена „теорија на самоопределување“. Тоа покажува дека психичкото здравје е најважно кога е во прашање доживувањето среќа и дека таквото здравје произлегува од балансот помеѓу автономијата (чувството на контрола над нашето однесување и нашите цели), компетентноста (да се стане господар на некоја вештина) и поврзаноста (чувството за припадност на други луѓе).

Сепак, сериозна грешка во нашите односи кон другите е грубата проценка којашто ја правиме, со што се уништува нашата автономија и поврзаност. Кога осудуваме некој, се обидуваме да имаме контрола врз работите коишто реално не можеме да ги контролираме, при што се намалува нашата автономија, предизвикувајќи оние коишто ги судиме да бидат заштитени. На пример, еден човек во одреден момент не може да ги оствари нашите очекувања, па ќе судиме дека е мрзлив. Ова предизвикува само слабеење на нашата сопствена сила и нè прави помалку среќни. Покрај ова, ние ги уништуваме односите со таа личност.

Студиите покажале дека кога сме внимателни, можеме да разбереме дека секој човек бара да биде задоволен. Ова значи дека иако другите не може да ги исполнат нашите очекувања, ние не треба да им судиме. Не смееме да ги гледаме луѓето како „точни“ или „погрешни“ само затоа што тие се поразлични од нас. Велејќи дека другите не се во ред, покажуваме дека сме несигурни. Со тоа што ќе кажеме дека ние сте подобри, а другите полоши, ние не ја подобруваме ситуацијата. Потребно е да се разбере што е навистина важно, а не кој е во право, а кој не.

Како да се воздржите од осудување?

Во Будизмот постои учење со помош на јагода. Всушност, кога слободно ќе можете да ја погледнете јагодата без да гледате дали изгледа добро или не, без да забележувате како таа влијае на вас, тогаш можете да се движите напред. Потоа, кога ќе се чувствувате удобно со ова, ќе бидете подготвени да го применувате ова и со некоја личност. Тогаш ќе ги прифаќате луѓето онакви какви што се.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар