Видови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врска

Кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот, вие доживувате одредено ниво среќа. Светот ви станува розов, се чувствувате полетни и расположени. Можно е дури и да го почувствувате она магично чувство дека вашиот живот е комплетен. Но, тоа е само делумно точно. Постојат одредени видови среќа кои не можете да ги добиете од врската, без разлика колку е таа среќна и успешна. Тоа воопшто не е поврзано со недостатоците на вашиот сакан, туку со фактот дека вие сте независни индивидуалци. И покрај тоа што го делите вашиот живот со уште некој, вие сте сѐ уште посебна личност и самите сте одговорни за сопствената среќа.

Видови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врска

Кога очекувате целата среќа да ја добиете само од врската, тоа доведува до негативни последици. Прво, се разочарувате, потоа почнувате да му замерувате на вашиот партнер за на крајот да почнете од секого да барате совет за тоа како да ја спасите врската. Запаметете дека врската треба да го разубави вашиот живот, а не целосно да го исполни. Ова се неколкуте видови среќа кои можеби се обидувате да ги добиете од вашата врска, кога всушност би требало да ги добивате од самите себеси…

Професионална среќа

Вашиот партнер не може заљубено да ве гледа во очи и да ви најде работа. Не може да ви купи цвеќиња кои магично ги завршуваат сите ваши обврски. Дури и ако вашата работа е да се грижите за домот и семејството, вашиот партнер не може да ви помогне да го искусите задоволството од тоа дека одлично сте ја завршиле работата. Сите ние имаме свои замисли во однос на тоа со што би сакале да се занимаваме и на нас останува да станеме среќни со тоа што ќе ги оствариме нашите цели.

Пријателска среќа

Вашиот партнер може да биде вашиот најдобар пријател. Така и би требало да биде. Но, тој не може да биде вашиот единствен извор на пријателска среќа. Кој ќе ви биде издувен вентил кога ќе сакате да се пожалите дека партнерот ви оди на нерви? Мора да имате и други пријатели и треба да продолжите да ги негувате односите со вашето семејство. Овој извор на среќа е неопходен без оглед на тоа во каква врска сте.

Лична среќа

Дали сте задоволни од самите себеси? Дали ви се допаѓаат вашите морални вредности, размислувања и генерално вашите карактерни одлики? Ако не сте среќни поради тоа каква личност сте, тоа нема магично да се смени кога ќе запознаете некого. Многу важен сегмент од животот е откривањето на сопствената личност, учењето и развојот. Морате да станете човекот кој сакате да бидете и таа личност не би требало да се смени драстично кога ќе бидете во врска.

Духовна среќа

Вашата душа ви припаѓа само вам. Некои луѓе влегуваат во врска и заедно си помагаат да ја зацврстат нивната вера. Но, без разлика дали верувате во Исус, енергија или во вашиот круг на друштвени атеисти, само вие знаете што е најдобро за вас. Мора самите да дојдете до сите заклучоци и да формирате сопствени верувања. Врската нема да го направи тоа за вас.

Видови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врска

Телесна среќа

Вашиот партнер може да ви кажува колку сте убави милион пати на ден, но тој не може да направи да поверувате во тоа. Сите имаме некои недостатоци поради кои не сме баш задоволни од нашето тело. Но, самите сме одговорни за тоа да се помириме со тие недостатоци и да ги прифатиме на здрав начин. Тако што, ако не можете самите целосно да го прифатите вашето тело, врската нема магично да направи тоа да се смени. Може да помогне, но поголемиот дел од работата останува на вас.

Сексуална среќа

Партнерот не е клучот за вашата сексуална среќа. Сигурно ќе си помислете дека ова врска нема, но не сте сосема во право. Точно, вие имате сексуални односи со партнерот, но сексуалноста е само ваша. Луѓето се сексуални суштества уште во мајчината утроба. Сексот е поврзан со вашата самодоверба, здравје, полов идентитет, духовност, физичка способност и уште многу други работи. Развојот на овие нешта може да се случи со партнерот, но нема да го почувствувате туку-така. Најголемиот дел од вашето сексуално задоволство треба да ви дојде од внатре.

Креативна среќа

Луѓето се креативни суштества. Некои се навистина уметници, но постојат различни начини на кои би можеле да ја изразите вашата креативност: Начинот на кој се облекувате, како го средувате вашиот дом, како готвите… Сите ние сме ја почувствувале таа потреба да доживееме убавина или самите да ја создадеме. Оваа потреба не може да биде задоволена само со тоа што ќе се заљубите. Кога сте во врска, можно е да ја насочувате вашата креативност кон партнерот, но сепак ваше е да ја негувате и развивате.

Доколку не ги чувствувате овие видови среќа, тие нема едноставно да се случат само затоа што сте запознале некој кој прави срцето да ви затрепери. Треба да продолжите да работите на себе и вашиот личен развој за да искусите вистинска среќа која ќе ве доведе до исполнет и успешен живот од секој можен аспект.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар