Вашата омилена боја открива какви сте во сексот

Вашата омилена боја открива какви сте во сексот

Омилената боја, може да открие многу работи за една личност, вклучително и нејзиното однесување за време на сексуалниот чин. Доколку не сте сигурни која е вашата омилена боја, ѕирнете која доминира во вашиот гардеробер или во вашата соба и прочитајте какви сте под чаршафите. 🙂

Вашата омилена боја открива какви сте во сексот

Црвена

Страсни сте во сексот и уживате во него на секој можен начин. Не постои нешто во сексот, кое вие не би сакале да го пробате. Обожавате кога партнерот копнее да биде интимен со вас, особено кога чувствувате дека имате моќ над него. Доколку и вашиот партнер ја сака црвената боја, вие двајца сте како главни ликови од одличен еротски роман.

Жолта

Вашиот сексуален нагон е прилично комплексен, но истовремено и прилагодлив. Сакате доминантни партнери, кои ја имаат целосната контрола во сексот. Никогаш не уживате комплетно во сексот бидејќи сте премногу срамежливи да кажете на глас што ве возбудува, но никогаш и не би одбиле покана од некој кого обожувате или на кој му се восхитувате.

Розова

Во сексот сте незрели. Жените кои сакаат розово имаат тенденција да го предизвикуваат партнерот и му ветуваат повеќе одошто можат да му пружат. Некои од нив премногу ја нагласуваат нивната женственост, а тоа е така бидејќи потајно ги мразат мажите. Машките љубители на розова боја, имаат тенденција да бидат неверни. Тие се големи женкари и приврзувањето едноставно не е за нив.

Виолетова

Себеси се сметате за софистицирана личност и не го обожавате баш сексот, бидејќи е премногу валкан за вас. Жените стравуваат дека ќе си ја расипат косата ако имаат секс, а мажите се однесуваат како да ѝ нудат бизнис-предлог на нивната партнерка, а не водење љубов. Ги сакате контролата и правилата, поради што сте склони кон рутински секс. Поважно ви е вашето уживање, во однос на желбите и потребите на партнерот.

Зелена

Вашиот пристап во сексот е нежен и искрен. Жените кои сакаат зелена, цел живот ќе водат љубов како да се девици. Мажите се малку тромави и чудни во сексот, но на еден привлечен и шармантен начин. Сексот секогаш го доживувате како чисто водење љубов. Нежни сте, но не сте страсни. Вашиот партнер никогаш не треба да се грижи и посомнева дека ќе го изневерите.

Портокалова

Сексот го доживувате како фантазија. Предиграта ви е подеднакво важна како и самиот чин на водење љубов. Иако ретко доживувате оргазам, вие секогаш уживате во самата игра на заведување, која неретко вклучува и сцени од филмови, како на пример оставање трагови од нокти на грбот на партнерот и влечење на косата на партнерката.

Црна

Сакате предизвици, нови начини на уживање и неочекувани ситуации. Можеби сте склони и кон поперверзен секс. Себични сте, имате променливо расположение, а во сексот гледате бегство од вашиот гнев и фрустрации.

Кафена

Вие сте нежни, чувствителни и ги почитувате желбите и потребите на партнерот. Можете да водите љубов со часови. Романтични сте, поради што многу уживате во самиот чин на заведување и флертување. Поради вашата сензитивност, само еден погруб збор од вашиот партнер, може да значи крај на врската. Вие ја давате сета љубов која ја чувствувате, но очекувате исто (па и повеќе) за возврат.

Сива

Прилично сте неодлучни и тешко се возбудувате. На машките љубители на оваа боја, сексот им служи за ослободување од притисокот и задоволување на нагоните, додека за жените сексот во превод значи задоволување на потребите на партнерот или неопходен пат за проширување на семејството.

Сина

Внимателни сте и чувствителни, а љубовта и сексот за вас претставуваат уметност. Страсни сте и се возбудувате како моќен морски бран. Ја сакате предиграта, исто колку и самиот секс. Верни сте на својот партнер, многу давате, но и многу очекувате. Вие сте одличен брачен материјал – секогаш ќе го правите партнерот задоволен и никогаш нема да барате утеха кај некој/a друг/а.

Бела

Сексот за вас е нешто интимно и таинствено. Обожавате да водите љубов во мрак, што значи дека сте срамежливи и не сте баш подготвени за сексуални игри. Туширање пред и по сексот е честа појава кај вас, но тоа не значи дека сметате дека вашиот партнер е валкан. Вие едноставно сметате дека чистотата е начин да се покаже респект кон партнерот. Според вас, сексот треба да биде дел само од сериозните љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар