Трогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светот

Во денешното урбано општество со изместени морални вредности, гледајќи ги сите тие неправди и зла на кои секојдневно сме сведоци, сѐ повеќе ја губиме вербата во човековата добрина и хуманоста. Но, таквите случаи, иако се загрозен вид, сепак постојат. Овој пат примерот доаѓа од Индија, од хотелот „Сабрина“ во градот Малапурам.

Трогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светот

Акилеш Кумар ручал покрај еден прозорец во хотелот и додека уживал во неговиот скап оброк здогледал едно слабо и изгладнето момче кое стоело на улицата. Акилеш му дал знак на детето да влезе во ресторанот. По неколку минути, детето дошло заедно со неговата сестра која ја држел за рака.

Ги прашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале на неговата чинија и рекле дека ќе го јадат истото што тој го јаде. Кога завршиле со јадење, Кумар го викнал келнерот за му донесе сметка и да плати.

Но, кога келнерот ја донел сметката, Кумар останал без текст и не можел да поверува што пишувало на неа. Таму стоела една голема нула, а под неа пишувало: „Не постои каса која би можела да наплати толкава хуманост. Ви посакуваме сѐ најдобро…“

Трогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светот

Овој трогателен гест е потврда дека хумани луѓе постојат и никогаш не можеме да знаеме кога ќе налетаме на некој од нив. Токму затоа хуманоста треба да биде неизбежен дел од нашиот живот и треба да помагаме секогаш кога ќе можеме, бидејќи не знаеме кога и ние самите ќе се најдеме во ситуација кога ќе ни биде потребна туѓата помош и добрина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар