Тој пронашол 4 зборови на едно парче хартија и животот му се променил од корен

Не постои универзален совет за како да се живее со полни гради и да се постигне среќа бидејќи сите имаме различни цели, желби, амбиции и вредности. Многумина со право не веруваат во магична формула за среќа и никој не може да ве научи како да бидете среќни бидејќи во вашиот животен пат морате сами да го научите тоа. Сепак постојат различни „алатки“, мантри и техники кои го олеснуваат животното патување и помагаат да им се приближите на среќата, успехот и љубовта кон себе.

Приказната на еден руски блогер ќе ве наведе да ги прифатите тие чудесни помагала на патот до среќата. Во текот на 2011-та година му се случиле различни тешкотии и животни предизвици. Го погодила смртта на неговата мајка, започнале проблемите на работа во кои имал вложено многу пари и сопругата поднела барање за развод. Во моментите на страдање и разочарување најмногу му годела прошетката. Еден ден додека шетал на улиците, вниманието му било привлечено од стуткано парче хартија. Од едната страна на хартијата имало молитва, а од другата страна биле напишани само 4 зборови. Тие зборови подоцна му го промениле животот. На хартијата пишувало: прифаќање, простување, трпение и благодарност.

Па, како овие зборови можат и вам да ви помогнат?

1. Прифаќање

Многумина се трудат секој сегмент од нивниот живот да го имаат во раце и да управуваат со нив како да се марионети. Ретко кој сите тие работи ги препушта на судбината, но колку и да сте посветени на контролата мора да бидете свесни дека на некои работи не може да се влијае. Најлошо што може да се направи е да се игнорира ситуацијата која излегла од контрола. Обидете се да го прифатите секој предизвик на смирен и сталожен начин, а потоа погрижете се за него најдобро што знаете. Станете свесни дека секоја животна ситуација ви донесува важна лекција и дека апсолутно треба да му се препуштите на текот на животот.

2. Простување

Често за секоја неповолна ситуација барате виновник без оглед дали самите сте виновни или некој од опкружувањето е заслужен за неволјата. Прашањето е дали со пронаоѓање на виновникот се решава барем дел од проблемот? Единствен точен одговор е „НЕ“. Со барањето на вината се создаваат безброј негативни чувства. Тоа ве одвлекува од решението и создава емотивен товар, особено ако сметате дека вината е во вас. Затоа најважно е да си простите себеси и на другите. Научете да простувате и тргнете ја таа црна сенка на вина од вашата душа. Само така ќе научите важна лекција во животот.

3. Трпение

Ова е една од најважните работи за постигнување на успех. Трпението ви нуди флексибилност, ве учи како да пловите во морето на животот и сите бури да ги поднесете мирно и без нервози. Колку и да планирате и ефикасно да делувате, животните патишта секогаш се испреплетени и вкрстени. Но, бидете трпеливи кон сите нови нешта што ви ги носи животот. Непланирани нешта можат одеднаш да донесат убавини во него. Ништо не се постигнува преку ноќ. Вежбајте го трпението, слободно застанете на препреката, но секогаш продолжете напред храбро кон успехот.

4. Благодарност

Колку ќе бидете среќни, успешни, колку ќе ја цените секоја секунда од животот зависи од тоа колку навистина сте благодарни. Ќе постојат лоши денови во кои ќе мислите дека немате на што да бидете благодарни. Тоа е таа човечка немоќ и голема слабост за на тој начин да се препуштите на страдање и тага. Ќе запознаете многу луѓе кои изгледаат дека немаат ниту една причина за благодарност, но тие и понатаму се смеат. Тие се благодарни за ситниците, за излезот на сонцето, за будењето, за водата која им ја задоволува жедта, за вкусот на летното овошје…Ова е вистинска мерка за среќа.

Обидете се секој ден да пишувате по 5 работи поради кои сте благодарни и ќе видите како ќе почне да ви се менува перцепцијата за реалноста.

Оваа приказна е доказ дека универзумот во секој момент ни испраќа симболи и знаци. Од изгубеното парче хартија на кое била запишана тајната за среќа до низа броеви кои навестуваат по кој пат да тргнеме.

На хартија можете да ги запишете 4-те наведени зборови и секое утро да се потсетувате кои скалила треба да ги поминете и што треба да усвоите за да постигнете успех во животот.

Прочитајте ја и следнава поучна приказна за среќата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар