Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

Што кажува бојата на вашата аура?

Прекрасен окер

Бистри, љубопитни и сакаат луѓе. Се работи за љубов кон човештвото повеќе одошто љубов кон една личност. Сакаат природа и излети на отворено. Физичката активност им помага да го напуштат мисловниот свет за да бидат со луѓе. Нивниот начин на размислување е случаен. Секогаш доцнат и тешко одлучуваат што да направат. Многу се ранливи. Што се постари, сѐ повеќе се внимателни и сѐ помалку им веруваат на другите.

Уживаат во забави, друштвени собири и вечери – во секоја прилика за дружење. Идеална комбинација се со црвените, лошо се согласуваат со портокаловите, а со менталниот и со прекрасниот окер склопуваат длабоки и трајни пријателства. Два прекрасни окери живеат во облаци. Најдобро се снаоѓаат во самостојна работа. Сакаат на другите да им го дадат она што тие самите најмногу го сакаат.

Ова е уште една двобојна аура во спектарот на личноста. Основата на оваа боја има црвеникава рамка, па црвеното додава компонента на безгранична љубов.

Тие знаат да се држат настрана и да ги набљудуваат луѓето објективно, без да изразуваат критички забелешки, па затоа многу добро можат да послужат во улога на посредници во комуникација.

Прекрасните окери ги сфаќаат промените во однесувањето во сите области на човековото делување – во законодавството, образованието, администрацијата, економијата и светската трговија. Тие имаат вродена моќ за перцепција и знаат објективно да ја применат.

Тие се воглавно објективни набљудувачи на животот, за разлика од пожртвуваните окери кои се набљудувачи-учесници.

За нив е предизвик да научат да ја насочуваат својата енергија и способност, да не се расфрлаат на сите страни. Луѓето со ваква аура се во состојба одеднаш да ги видат сите делови, општата шема на елементи. Ако го насочат вниманието на разни страни постануваат збунети, преоптоварени и несигурни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. твиги Reply

    како се пресметуваат поените?

  2. Кафе пауза Reply

    Овде е објаснето:

    Собирањето се врши откако ќе одговорите на сите искази. Има повеќе групи прашања кои се однесуваат за одредени бои. За секоја група прашања се собираат поените и така го добивате збирот за конкретната боја. Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување.

    • Dejan Reply

      Знам дека постов е стар, но ме интересира што се случува кога повеке групи ке добијат ист најголем збир. На пример јас добив дека E, З, Ѕ ми даваат збир 28, а втор најголем збир ми е 26 и тој го добив на групите под букви В и Д. Како да знам кои бои преобладуваат кај мене?

      • Кафе пауза Reply

        Како што стои во текстот: Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување. Во ваков случај значи дека повеќе бои се примарни.

  3. Angela Reply

    Jas nishto ne razbiraaam ve molaam objasnete mi kako se reshava nesfatliviov test ?! -.-

    • Кафе пауза Reply

      Секој исказ се бодува од 1 до 5 според тоа колку се согласуваш со кажаното. На крајот поените се собираат според групата во која прашањата (исказите) припаѓаат. Така се добива збирот за секоја конкретна боја. Онаму каде што ќе добиеш најголем збир, тоа е твојата примарна боја.

Остави коментар