Тест на личноста: Одберете музички инструмент и откријте што тој кажува за начинот на кој љубите

Замислете да сте добиле шанса да свирите најдобро што можете. Кој инструмент би бил вашиот избор? Прочитајте го упатството за решавање на овој тест и потоа изберете еден од инструментите и откријте што тој кажува за начинот на кој љубите.

Тест на личноста: Одберете музички инструмент и откријте што тој кажува за начинот на кој љубите

Упатство за решавање на овој тест:
  • Изговорете го првото нешто што ќе ви падне на памет
  • Не се обидувајте да ги предвидите одговорите
  • Не се лажете самите себеси
  • Немојте да ги читате одговорите однапред
  • Бидете искрени

Има нешто магично во концертите на филхармонијата, особено чувството на исчекување и вистинското уживање. Замислете дека имате можност на само една вечер да го преземете местото на еден од овие музичари и да свирите најдобро што можете пред целата публика. Кој инструмент би го одбрале?

  • Виолина
  • Контрабас
  • Труба
  • Флејта
  • Решение:

    Музичките инструменти го симболизираат спротивниот пол. Комбинацијата со вас и вашиот инструмент укажува на тоа како вие гледате на создавањето љубовна музика.

    Виолина: Инструмент кој бара нежни допири со врвовите на прстите и деликатни движења на гудалото со цел да се произведе музика на затегнатите жици. Вие верувате дека поседувате исклучителна способност и чувство да ги откриете и да си поиграте дури и со најчувствителните делови од вашиот партнер.

    Начинот на кој вие ја создавате музиката во комбинација со добро познатите ноти претставува вистинско доживување. Виолината е најважен инструмент на оние личности кои се сметаат себеси за „нај“, односно на кои природно им припаѓа првото место.

    Контрабас: Постои чувство на моќ кога се застанува зад овој голем инструмент. Ова чувство на моќ се зголемува кога контрабасот, кој е толку силен и гласен инструмент, почнува да испушта звук. Вашата тајна во љубовта е способноста да му го овозможите на партнерот она што вие сакате, да ја преземете целата контрола и да го понесете кон задоволство кое претходно не ни можел/а да го замисли.

    Вие едноставно никогаш не барате одобрување и токму оваа доминација е особината која ве прави неодоливи. Контрабасот и покрај својата големина стои во позадина, што значи дека оние кои го одбираат бараат заштита и се кријат зад својот инструмент.

    Труба: Да не должиме, вашите усни се вашето најсилно оружје. Без разлика дали шепотите љубовни зборови или со усните истражувате, вие едноставно ги имате сите особини на вербалист. Трубата ретко излегува во прв план, но кога тоа ќе се случи настанува вистинско чудо.

    Личностите кои го одбираат овој инструмент чувствуваат незадоволство во својата позиција и потајно сакаат да се побунат.

    Флејта: Потребно е неверојатно трпение и многу знаење за да се совлада инструмент како флејтата. Вие ја покажувате оваа трпеливост и кога сакате некого да освоите. Токму вашата упорност, решителност и сила се оружјата кои вашиот партнер го соборуваат од нозе.

    Партнерот често се изненадува кога сфаќа дека она што мислел/а дека ќе биде кратка арија преку ноќ прераснало во опера со безброј чинови. Флејтата е инструмент кој не е за во оркестар и кој подобро се слуша кога е сам, па токму затоа оние кои го одбираат се најчесто осаменици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар