Тест: Изберете слика за да ја добиете вашата духовна порака

Тест: Изберете слика за да ја добиете вашата духовна порака

Препуштете ѝ се на интуицијата и дозволете таа да ве води при изборот. Сликата што ќе ја одберете пак, крие за вас духовна порака која ќе ви биде ѕвезда-водилка во тешките времиња.

Тест: Изберете слика за да ја добиете вашата духовна порака

  • Слика бр. 1

    Доколку ја избравте оваа слика значи дека во моментот сте многу храбри и одлучни и јурите кон остварувањето на сопствените цели. Но, можеби има нешто што не го гледате сега, а кое може да ви создаде многу проблеми во иднина. Продолжете да се движите напред и истовремено бидете свесни за можните последици од вашите постапки. Сосема нормално е да сте ги занемариле другите работи доколку сте целосно ориентирани кон вашите цели. За пофалба е тоа што сте одлучни и претприемнички настроени, но обратете внимание и на предупредувачките знаци кои одвреме-навреме се појавуваат во вашиот живот.

  • Слика бр. 2

    Време е да направите самоанализа и да се обидете да погледнете во себе за да најдете одговор на прашањата што честопати си ги поставувате во последно време. Бидете свесни дека во вашиот живот ќе се појават нови можности само доколку вие го дозволите тоа. Затоа никогаш не ги занемарувајте знаците на кои наидувате бидејќи преку нив, животот се обидува да ве насочи на најдобриот можен пат. Кога знаете што сакате да постигнете, секогаш ќе најдете начин за да го остварите тоа. Доволно е секој ден да давате сè од себе и постојано да одите напред.

  • Слика бр. 3

    Срцето ве поттикнува да се усогласите со вибрациите на љубовта. Секогаш кога наидувате на некакви пречки во љубовната врска, обидете се подобро да го сфатите партнерот и ситуацијата во која се наоѓа. Овој пат препуштете им го водството на љубовните вибрации, а не на аналитичките вештини. Преку споделувањето љубов и поддршка, ќе можете полесно да се разберете еден со друг, а со тоа и вашата врска ќе се подобри.

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг во кој маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар