Тест: Изберете був и откријте која е неговата порака за вас!

Тест: Изберете був и откријте која е неговата порака за вас!

Една од карактеристиките по која е најпознат бувот е тоа што може да гледа во мракот. Бувот симболично ни помага да го тргнеме превезот на измамата и илузијата за да го видиме она што е скриено.

Тест: Изберете був и откријте која е неговата порака за вас!

Бувот е силен духовен водич за здраво расудување и донесување одлуки. Кога ќе се појави був во вашиот живот, обратете внимание на промените. Можеби ќе им ставите крај на некои стари навики или ситуација која повеќе не ви оди во прилог и ќе внесете нешто ново во вашиот живот. Изберете еден був за да откриете каква порака има тој за вас!

  • Був бр. 1

    Вие сте многу љубопитна личност. Имате многу развиена потреба за континуирано учење на нови и интересни работи. Но, вашата маана е тоа што понекогаш се мешате во туѓите работи, иако мислите дека тоа го правите со најдобра намера. Би било добро ако ја анализирате оваа карактерна особина – и работите на тоа…

  • Був бр. 2

    Вие сте умерено љубопитни и многу наивни. Светот околу вас ви е интересен, но во исто време ви е тешко да живеете среде злото и непријателството. Не ви е лесно да се борите за себе. Не грижете се, наскоро сè ќе се промени на подобро.

  • Був бр. 3

    Постојано „замрзнувате“. Може да ви биде ладно и на 30 степени! Се плашите од сè! Сепак, не вреди да си го правите тоа. Надминете ги вашите стравови, ризикувајте и обидете се да ги правите работите што ги сакате.

  • Був бр. 4

    Сигурни сте во себе и се обидувате да освојувате нови хоризонти. Но, има нешто што ве спречува да го направите тоа. Станува збор за детска наивност. Одвојте време да размислите за вашите постапки и преземете одговорност – и ќе успеете во сè.

  • Був бр. 5

    Вие сте песимист. Едноставно, песимист по природа. Тешко е да се смените. Не е лесно да се воспостави врска со вас. Затоа, неопходно е да се промените, особено доколку сакате луѓето да се однесуваат поинаку со вас.

  • Був бр. 6

    Вие сте горда и донекаде нарцисоидна личност. Не е паметно да се живее така, работете на самоподобрување и ќе увидите дека ќе почнете да ги привлекувате вистинските личности.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да дознаете каква судбина ве очекува во 2023.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар