Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици - Part 2

Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици

6. Гулаби кои исчезнуваат

Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици

Магионичарот отвора посебна кутија и внатре ја става птицата. Потоа го затвора капакот, кажува неколку магични зборови, ја отвора кутијата и… птицата повеќе не е таму.

Како функционира?

Магичниот капак на кутијата има таен отвор каде што е скриен гулабот. Потребно е само да се прикрие тој таен дел.

7. Антигравитациско навалување

Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици

Без сомнение Мајкл Џексон е можеби еден од најдобрите изведувачи во светот. Но неговиот перформанс во видео спотот за песната „Smooth Criminal“ ги остави фановите со едно прашање: Како го изведува ова неверојатно навалување?

Како функционира?

Тајната е во специјално дизајнираните чевли со механизам за прикачување. На дното на чевелот има мал отвор кој се прикачува за шајка на подот и која му овозможува на танчарот да се навали напред без да падне.

8. Ловење карти

Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици

Магионичарот замолува еден волонтер да одбере карта која ѝ ја покажува на публиката. Да речеме дека е 6-ка срце. Тогаш волонтерот ја враќа картата во шпилот. Магионичарот ги става картите во шапка, зема јаже, го става едниот крај во капата и на магичен начин ја повлекува 6-ката срце.

Како функционира?

Прво, шпилот само изгледа обичен. Тој содржи 52 исти карти – сите се 6-ка срце. Потоа, во капата една од 6-ките срце веќе е заврзана за јаже со магнет. Јажето кое магионичарот го става во капата исто така има магнет. Магнетите се прикачуваат еден за друг, па на тој начин магионичарот ја извлекува вашата карта.

9. Човек што левитира

Тајните зад 9 магионичарски трикови што ќе ги импресионираат и најголемите скептици

Некои веруваат дека посебна техника за медитирање им овозможува на луѓето да летаат. Но ако видiте уличен магионичар облечен како свештеник кој левитира, немојте толку лесно да им верувате на вашите очи.

Како функционира?

За да „левитира“, магионичарот користи посебна метална конструкција која е скриена во неговата широка облека.

Ако сакате да откриете уште, погледнете ги и тајните зад овие магични трикови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар