Тајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“

Животот може да биде навистина стресен, но дали некогаш сте забележале дека одредени жени изгледаат постојано енергично? Дури и во оние ситуации кои делуваат како да избегале од контрола, овие жени покажуваат неверојатна ведрина. Изгледа тие имаат неколку трикови скриени во нивните ракави, што им помагаат дури и во најтешките моменти да изгледаат ведро, енергично и силно. Откријте кои се нивните тајни.

Тајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“

Тие одржуваат детален календар (но, не му дозволуваат да владее со нивниот живот)

Подготовката е клучна, но и адаптирањето е исто толку важно. Направете распоред и држете се до него, но имајте на ум дека е сосема во ред доколку одвреме-навреме направите одредена промена. Без разлика дали вашиот колега работи премногу бавно или пак, вашите деца се задржале на курсот по странски јазик, постојано потсетувајте се дека некои нешта се едноставно вон ваша контрола и најдобриот начин да се справите со нив е да се адаптирате.

Тие секогаш тргнуваат порано

Колку пати ви се случило да верувате дека можете да стигнете некаде за 20-тина минути, но реално да станува збор за саат време. Размислете, потребни ви се околу 5 минути да излезете од дома, па како и секогаш, да заглавите во сообраќај и згора на сè да мора да поминете и од бензинската станица за да го наполните вашиот празен резервоар… Одеднаш сфаќате дека веќе доцните 30 минути, а потребни ви се барем уште 30 минути за да пристигнете до вашата дестинација. Токму затоа и секогаш додавајте барем 20-тина минути плус на вашата претпоставка за потребно време да пристигнете некаде со цел да не доцните често и притоа да се нервирате.

Тие знаат како да кажат „не“

Најдобриот начин да се почувствувате под стрес е доколку преземате повеќе обврски одошто можете да завршите. Размислете, дури и да успеете да стигнете да завршите сè, колкави се шансите крајниот резултат да биде добар според вашите стандарди? Со совладување на уметноста на кажување „не“ вие нема да ги разочарувате луѓето околу вас, туку баш напротив, кога ќе дојде време за потврден одговор, тие ќе бидат многу позадоволни од добро завршената работа отколку што би биле ако само претрчате околу обврската која сте ја прифатиле, а за која воопшто сте немале време.

Тие се грижат за себе

Ова значи дека одвојуваат доволно време за спиење, како и за сите оние ситни задоволства, како повремен маникир или пиење пиво со пријателите со цел да ја одржат својата среќа. Тоа е единствениот начин да се наградите себеси за добро завршената работа и да се опуштите од секојдневните проблеми и обврски со кои се среќавате на вашето работно место. Со неколку зборови, доколку не сакате постојано да изгледате „истрошено“ во очите на луѓето околу вас, мора да најдете начин секојдневно да си издвојувате време наменето само за вас.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар