Строг кралски протокол: 15 правила што мора да ги почитуваат децата на британското кралско семејство

Познато е дека британското кралско семејство има строги кралски правила што мора да ги почитуваат сите членови. Но, овој задолжителен протокол важи и за најмладите членови на семејството.

Строг кралски протокол: 15 правила што мора да ги почитуваат децата на британското кралско семејство

1. Мора да се поклонат пред кралицата

Кралскиот протокол предвидува дека жените во кралското семејство мора да се поклонат пред кралицата кога ќе ја видат првпат во текот на денот.

2. Треба да поминат обука за добро однесување

Најмладите членови на кралското семејство започнуваат со обука веднаш штом ќе стигнат до возраст да можат да седнат на масата. Децата растат со формални ручеци и настани. Исто така, начинот на кој зборуваат и се облекуваат бара формалност.

3. Обично учат странски јазик

Повеќето членови на кралското семејство научиле странски јазик кога биле деца – кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Вилијам течно зборуваат француски јазик.

Традицијата им се пренесува на децата, па Кејт Мидлтон започнала да го учи принцот Џорџ шпански јазик кога имал само две години.

4. Момчињата треба да носат кратки панталони

Децата на кралското семејство мора да почитуваат одредени модни правила, од кои најчудното е што момчињата можат да носат само кратки панталони во јавност.

Се верува дека таквата облека е посоодветна за децата со сина крв бидејќи долги панталони носат децата од средната класа.

5. Девојчињата треба да носат само фустани

Кога станува збор за облекувањето на малите принцези, ним им е дозволено да носат само фустани со класичен крој. Во нивниот плакар нема панталони и здолништа.

Оваа традиција датира од времето кога ќерката на кралицата, принцезата Ана била мала.

6. Не јадат готова храна за бебиња

Ова правило значи дека тие не јадат храна од шишиња, т.е. веќе подготвена храна за бебиња, туку целата храна ја подготвуваат приватни готвачи.

Првите оброци на кралските деца обично се кашички од јаболка и круши варени на пареа.

7. Не смеат да играат „Монопол“

Оваа игра е забранета во кралската палата затоа што во минатото некои членови станале премногу натпреварувачки настроени поради тоа.

8. Може да ги прифатат подароците

Како и сите членови на кралското семејство, кралските деца секогаш мора да ги прифаќаат подароците што ги добиваат од луѓето.

9. Но, обично не ги задржуваат истите тие подароци

Од играчки до букети цвеќиња, кралските деца честопати се опсипани со подароци секогаш кога се појавуваат на јавни настани.

Сепак, кралскиот протокол вели дека кралицата одлучува кои подароци може да ги задржат.

10. Не им е дозволено да носат црна облека на дневни настани

Во кралското семејство, црната боја се носи исклучиво на погреби и за време на жалост. Затоа, оваа боја е забранета на дневни настани.

Но, постои исклучок од ова правило што се случи кога принцот Џорџ беше облечен во црн воен костум на свадбата на неговиот чичко, принцот Хари.

11. Но, секогаш мора да имаат црна облека при рака

Кога патуваат, сите членови на кралското семејство мора да имаат црна облека при рака, во случај на ненадејна смрт додека се на пат.

Кралицата Елизабета го воведе ова правило по смртта на нејзиниот татко затоа што таа била во Африка кога починал нејзиниот татко и немала црна облека со неа.

12. Треба да пораснат малку за да присуствуваат на божиќната миса

На кралските деца им е дозволено да одат на божиќната маса само откако ќе пораснат малку, па принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа првпат во 2019 година.

13. На божиќниот ручек, тие седат на посебна маса и во посебна просторија

Кралските деца го поминуваат Божиќ во Сандрингем со членовите на семејството со задолжителен празничен ручек. Но, според правилото, децата не седат на иста маса со возрасните, туку во друга просторија.

14. Не им е дозволено да отвораат подароци на Божиќ

На Божиќ традиционално одат на миса во црквата „Света Марија Магдалена“, а потоа на семеен ручек. Не им е дозволено да отвораат подароци на најсреќниот христијански празник.

15. Додека не стапат во брак, на принцезите не им е дозволено да носат тијари

Тијарите се синоним за принцези и за жени со сина крв, но се резервирани исклучиво за мажените дами.

Прочитајте кои 6 правила на кралското семејство биле променети од принцезата Дијана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар