Среќата не е цел, туку начин на живот: Бесценети мудрости за законот на привлекување

Среќата не е цел, туку начин на живот: Бесценети мудрости за законот на привлекување

Цитатите можат да бидат многу корисни, бидејќи можат да нѐ инспирираат и поттикнат на дејствување. Тие можат да нѐ потсетат на убавите работи во светот и да ни помогнат да ги научиме мудростите на многуте големи луѓе кои живееле пред нас. Следниве цитати го опишуваат законот на привлекување и со сигурност ќе ве охрабрат да верувате дека вашата судбина лежи во ваши раце…

Среќата не е цел, туку начин на живот: Бесценети мудрости за законот на привлекување

„Секоја секунда е можност да си го промените животот, бидејќи во секој момент можете да го промените начинот на кој се чувствувате.“ – Ронда Бирн

„Самите го создавате својот универзум.“ – Винстон Черчил

„Комбинацијата од мисли и љубов е она што ја формира несопирливата сила на законот за привлекување.“ – Чарлс Хамел

„Работите што ги посакувате гледајте ги како да се веќе ваши. Знајте дека тие ќе ви се појават кога ќе ви бидат потребни. Дозволете им да дојдат. Не се вознемирувајте и не грижете се за нив. Не размислувајте за нивниот недостаток. Замислете ги како ваши, како веќе да ви припаѓаат, како веќе да ги поседувате.“ – Роберт Колиер

„Ние сме последица на сопствените мисли.“ – Буда

„Фантазијата е сѐ што имаме. Таа е преглед на сите животни атракции што пристигнуваат.“ – Алберт Ајнштајн

„Она што може да го замисли умот, тоа може и да го постигне.“ – В. Клемент Стоун

„Колку е прекрасно тоа што никој не мора да чека ниту една секунда за да почне да го подобрува светот.“ – Ана Франк

„Без разлика дали мислите дека можете или не можете, во право сте.“ – Хенри Форд

„’Невозможно’ е само голем збор што малите луѓе го расфрлаат наоколу. На тие луѓе им е полесно да живеат во свет каде што западнале отколку да ја истражат моќта што ја имаат за да го променат. Невозможното не е факт. Тоа е мислење. Невозможното не е изјава. Тоа зависи од смелоста. Невозможното е потенцијал. Невозможното е привремено. Ништо не е невозможно.“ – Мухамед Али

„Ако не знаете каде одите, ќе завршите некаде на друго место.“ – Јоги Бера

„Ако сакаме да постигнеме големи работи, мораме не само да дејствуваме туку и да сонуваме, не само да планираме туку и да веруваме.“ – Анатол Франс

„Хранете го вашиот ум со големи мисли и никогаш нема да паднете пониско од она што го мислите.“ – Бенџамин Дизраели

„Кога среќата ќе ни затвори една врата, најчесто ни отвора други, но ние понекогаш предолго гледаме во затворената и не можеме да ја видиме отворената.“ – Хелен Келер

„Одбегнувајте ги луѓето кои ги омаловажуваат вашите амбиции. Тоа го прават само малите луѓе, додека големите го будат чувството дека и вие можете да станете големи.“ – Марк Твен

Среќата не е цел, туку начин на живот: Бесценети мудрости за законот на привлекување

„Оние кои мислат дека немаат време за физички вежби, порано или подоцна ќе мора да најдат време за некоја болест.“ – Едвард Стенли

„Постојано се подготвуваме за животот, но никогаш не го живееме.“ – Ралф Валдо Емерсон

„Во мојот живот го привлекувам сето она на коешто му давам внимание, енергија и фокус, без разлика дали станува збор за нешто позитивно или негативно.“ – Мајкл Лозиер

„Луѓето кои имаат слична вибрација се привлекуваат меѓусебно.“ – Џери и Естер Хикс

„Она што го испраќате во надворешниот свет преку вашите мисли, чувства, замисли и зборовите, тоа и го привлекувате во животот.“ – Кетрин Пондер

„Она што е надвор од вас нема никаква моќ над вас.“ – Волт Витман

„Среќата не е цел, туку начин на живот.“ – Бартон Хилс

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар