Според оваа интересна студија, постојат само 4 видови луѓе!

Според оваа интересна студија, постојат само 4 видови луѓе!

До неодамна, сите ние ги делевме луѓето на интроверти (оние што повеќе уживаат да минуваат време со себе одошто со другите), екстроверти (оние што уживаат во социјални ситуации) и амбиверти (комбинација од интроверти и екстроверти, што го ценат времето со себе, но и што сакаат одредено ниво социјална интеракција). Но, според една неодамнешна масивна студија, постојат четири видови карактерни типови, што можат да ги опфатат сите луѓе на оваа планета – просечни, резервирани, модели на однесување и себични. Сите овие категории се карактеризираат со посебни карактерни црти што се целосно уникатни од останатите.

За потребите на студијата, истражувачите од Северозападниот Универзитет анализирале 1,5 милиони одговори од четири прашалници, каде што испитаниците одговарале меѓу 44 и 300 прашања со цел да откријат што е можно повеќе информации за своите индивидуални карактерни црти. Потоа, истражувачите се фокусирале на тоа што во психологијата е познато како „Големите пет карактерни црти“, што вклучуваат невротичност, ектровертност, отвореност кон нови искуства, прифатливост и совесност. Од таму, со помош на нивните уникатни алгоритами, истражувачите успеале да ги сведат нивните откртија на четири големи карактерни видови.

Првата група – „просечни“, опишуваат луѓе што се најчесто поневротични (поанксиозни и со променливо расположение) во однос на другите. Овие луѓе најчесто сакаат да излегуваат и да се дружат, но не се многу отворени на лично ниво. Според авторот на студијата, Мартин Герлач, жените почесто се наоѓаат во оваа категорија од мажите.

Во другата група, што е наречена „резервирани“, според научниците, спаѓаат оние луѓе што се емотивно стабилни, ниту невротични, ниту премногу отворени. И покрај тоа што можеби не се премногу екстровертни, тие не се ни интровертни. Со други зборови, резервираните луѓе едноставно го следат текот на настаните.

„Моделите на однесување“ се најчесто постари индивидуи, што имале големо животно искуство. Тие се најчесто полни со знаење, но и отворени за нови идеи. Според истражувањето, жените и тука се ви поголем број од мажите.

Последната категорија ги вклучува „себичните“, оние што целосно се насочени кон себе. Тие се сметаат и за поларна спротивност на „моделите на однесување“. Овие луѓе се многу екстровертни, но и целосно затворени, ригидни и со ниска совесност. Со други зборови, тие го прават она што го сакаат, без разлика што мислат другите и дали тоа е добро или лошо. За среќа, истражувањето открило дека во оваа категорија најчесто спаѓаат младите луѓе со мало животно искуство.

Па, што вели оваа студија за вашиот карактер? Можеби ништо, но можеби и сè. Зависи каде се наоѓате во моментов во вашиот живот. Вистината е дека колку и да не сакаме да се категоризираме, понекогаш тоа може многу да ни помогне за да го пронајдеме нашиот вистински животен пат.

Иако и самите истражувачи велат дека понекогаш може да дојде до преклопување на повеќе категории, сепак повеќето од луѓето остануваат константни и во својата удобна зона. Но, тие исто така можат и да се променат, особено под влијание на созревањето и животното искуство. Потсетете се само каде сте биле пред 10 години, а каде сте сега и веднаш ќе ви стане јасно за што зборуваме.

Откријте го вашиот карактер: Најпрецизниот психолошки тест со само 4 прашања!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар