Спасете си го животот: Што треба да направите доколку се гушите, а нема никој друг во близина?

Поголемиот дел од луѓето имаат слушнато за Хајмлиховиот зафат и знаат како може да ѝ помогнат на личноста на која ѝ се заглавило парче храна или некој предмет. Меѓутоа, што можете да направите доколку вие сте таа личност и во близина нема никој што би можел да ви помогне?

1-spasete-si-go-zhivotot-shto-treba-da-napravite-dokolku-se-gushite-a-nema-nikoj-drug-vo-blizina-www.kafepauza.mk_

Во тој случај изведувањето на Хајмлиховиот зафат е отежнато и во моментот на паника може да биде неправилно изведен. Токму затоа Џеф Рехман, болничар и пожарникар со 22-годишно искуство, во соработка со своите колеги осмислил алтернатива на тој зафат.

Чекор 1: Клекнете на подот и рацете ставете ги во положба како да правите склекови.

Чекор 2: Тргнете ги рацете и паднете со торзото на подот. Ударот ќе истера голема количина воздух од вашите гради и така ќе го отстраните парчето храна или предметот што ви ги попречува дишните патишта.

Ако не успеете од прв пат, обидете се повторно. Немојте да се плашите од падот, бидејќи во прашање се неколку секунди болка која не е ништо во споредба со фактот дека можете да го изгубите вашиот живот.

За да ви биде појасно за што станува збор, погледнете го видеото.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар