Смешни митови за сексот во кои треба да престанеме да веруваме

Смешни митови за сексот во кои треба да престанеме да веруваме

Постојат многу митови за сексот во кои продолжуваме да веруваме и кои придонесуваат за тоа да ги оцениме потенцијалните сексуални партнери премногу брзо. Некои од нив се смешни, па дури и апсурдни и време е да престанеме да веруваме во нив. Ова се неколкуте најпознати митови за сексот кои кога ќе размислите подобро навистина немаат никаква логика…

Смешни митови за сексот во кои треба да престанеме да веруваме

Ако мажот може без проблем да ги прекрсти нозете додека седи, сигурно има мал пенис

Верувале или не, некои жени мислат дека мажите кои без проблем можат да ги прекрстат нозете додека седат имаат проблем со „големината“… Сметаат дека кога би имале голем пенис, сигурно би им било тешко да ги прекрстат нозете или не би го правеле тоа често бидејќи би им било неудобно. Со самото тоа, жените кои веруваат во овој мит си го земаат правото на овој начин на седење, а ако забележат дека потенцијалниот партнер седи со прекрстени нозе, веднаш го отпишуваат. Но, понекогаш погрешна одлука е да се откажете уште од самиот почеток поради некое глупаво верување. Затоа, момци, следен пат кога ќе седите во друштво на нови дами внимавајте како седите.

Колку повеќе секс има една жена, толку повеќе се зголемува нејзиниот задник

Овој претерано смешен мит го обвинува прекумерното уживање во сексот за големината на женскиот задник. Според оваа хипотеза, генетиката, количината и видот на храната која жената ги консумира или пак недостатокот од физичка активност, немаат никакво влијание. Нејзиниот задник е голем затоа што има многу секс.

Големи дланки – голем пенис

Дали обрнувате внимание на големината на дланките на мажите кога се ракувате со нив? Се насмевнувате ли кога ќе забележите дека има доста големи дланки или дека носи чевли број 45? Ова е уште еден од низата митови за пропорционалноста на одредени делови од телото, кој воопшто не е анатомски поткрепен.

Влакнестите мажи се вистински „ѕверови“ во кревет

Количината на влакна која мажот ја носи на градите, грбот и рацете нема никаква врска со неговите сексуални вештини, ниту може да го карактеризира како вистински „ѕвер“ во креветот. Можно е машката влакнетост некои жени да ги потсетува на исконската машкост и тоа да ги привлекува, исто како и фактот дека влакнестите мажи имаат повеќе тестостерон. Благодарение на овој хормон, мажите имаат поголем сексуален потенцијал, помускулести се, подобро градени и во подобра форма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар