Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Луѓето ги сакаат мачките бидејќи се мали и бушави, но што се крие под сето тоа крзно? Оваа колекција од голи сфинкс мачки докажува дека и тие можат да бидат одлични домашни миленичиња. Овој вид мачки, и покрај тоа што нема крзно, потекнува од северот на Канада. Во средината на 1960-тите, една мачка во Онтарио родила маче без крзно поради природна генетска мутација.

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

После ова, во средината на 1970-тите, се родиле уште две голи мачиња во Торонто и Минесота. Со внимателна селекција при размножување, сфинкс мачките еволуирале во уникатното животно што го гледате денес. Овие мачки имаат разни бои и шари, и всушност не се толку „голи“ колку што изгледаат. Доколку погледнете внимателно, ќе забележите тенок слој влакна како мов.

Познатите недоразбирања, како мислењето дека мачките се целосно голи, ги тера луѓето да ги купуваат без да знаат колку внимание бараат овие миленици. Можеби недостатокот од крзно го решава проблемот со влакната низ домот, но сопствениците треба да ја бањаат мачката еднаш неделно и редовно да ѝ го чистат телото, бидејќи нивната кожа привлекува прашина, полен и мртва кожа. Без заштитно крзно, овие мачки се подложни на изгореници од сонце, прегревање и преладување. Важно е внимателно да истражите пред да вложите во оваа егзотична мачка. Дотогаш, уживајте во овие преслатки фотографии од нив.

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Слатки фотографии од сфинкс мачки што ќе ви го сменат мислењето за нив

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар