Скриените таленти на дел од најпознатите ѕвезди

Скриените таленти на дел од најпознатите ѕвезди

Тие постојано ни ги освојуваат срцата кога се појавуваат на музичката сцена или на телевизиските екрани, но изгледа дека на нивните таленти им нема крај. Погледнете некои од скриените вештини на нашите омилени ѕвезди…

Џастин Бибер

Тоа што има извајано тело не значи и дека нема мозок. Омилениот русокос дечко на младите генерации успеал да склопи Рубикова коцка во живо за само 84 секунди.

Кристина Хендрикс

Ѕвездата на ТВ серијата „Mad Men“ го поминува слободното време свирејќи хармоника и тврди дека од кога знае за себе била опседната со овој инструмент.

Колин Фарел

Ирскиот актер пред да се прослави во Холивуд бил професионален кантри пејач. Хм, признајте дека веќе го замисливте со шешир и каубојски чизми!

Мајли Сајрус

Постои причина зошто таа толку добро тверка – младата пејачка била една од најдобрите мажоретки во училиште.

Хали Бери

Покрај глумата, прекрасната Хали поседува и талент за свирење на флејта. Ете кој ќе ја добие улогата во првиот биографски филм за позната флејтистка!

Руперт Гринт

Најдобриот пријател на Хари Потер професионално се занимава со возење велосипед на едно тркало, а исто така умее да свири и на диџеридуто – австралиски дувачки инструмент. Зарем постои нешто што тој не може?

Ребел Вилсон

Покрај својот фантастичен хумор, оваа комедијантка ќе ве воодушеви и со нунчаки!

Аманда Сејфрид

За оваа актерка нема подобар начин да се опушти по тешкиот ден со чаша вино и плетење. Таа ги зема бабините игли и создава магија со нив.

Тејлор Лаутнер

Кога станува збор за нашиот омилен врколак, следниот факт и не е толку изненадувачки – Тејлор поседува црн појас од карате!

Тејлор Свифт

Забавата можеби почнува кога таа ќе се појави на сцена, но кога ќе се симне од неа пријателите најмногу уживаат во нејзините домашно подготвени џемови.

Дознајте и кои познати личности ја започнале својата кариера во филмови за возрасни!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар