Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Секогаш кога купувате нешто треба да одлучите колкава сума сте подготвени да платите. Кога цената зависи од квалитетот, лесно е да го направите изборот. Но ако треба да одберете помеѓу поевтина верзија од нешто на коешто сте навикнати и нешто скапо и ново, навистина ќе се замислите дали плаќате премногу. Кога станува збор за следниве нешта, подобро е да платите малку повеќе.

1. Машина за кафе

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Дали сакате кафе и секогаш си купувате? Дали сè уште немате купено машина за кафе? Ако ве плаши високата цена, размислете добро. Секое утро купувате кафе. Покрај тоа ако живеете со некој големи се шансите и таа личност секојдневно да купува кафе. Кога ќе ја соберете сумата пари потрошена за кафе од кафетерија, ќе сфатите дека машината за кафе ќе ви се исплати за околу една година.

2. Замрзнувач

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Можеби мислите дека фрижидерите за длабоко замрзнување само чинат многу и зафаќаат простор. Но денес во супермаркетите се продава многу замрзната храна. Покрај тоа, витамините ви се потребни во текот на целата година, но цената на овошјето и зеленчукот надвор од нивната сезона е навистина висока. Можете да заштедите многу доколку ги замрзнувате. Покрај тоа, поевтино е да купувате месо и риба во поголема количина и потоа да ги замрзнете. Замрзнувачите не чинат многу повеќе од фрижидер, трошат речиси исто електрична енергија и ако го употребувате паметно ќе ви се исплати за 3 години. Пред да купите замрзнувач, пробајте да ја користите комората за длабоко замрзнување на вашиот фрижидер. Ако ви се допадне и ако ви е исплатливо, вложете во замрзнувач.

3. Славина со термостат

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

На прв поглед изгледа дека механизмот што ја регулира топлината на водата е само вишок. Зошто самите да не ја регулирате водата? Покрај тоа оваа направа може да чини 3-4 пати повеќе од обичната славина. Но, славината со термостат ќе ви помогне да заштедите пари на електрична енергија и вода бидејќи ќе ви биде потребно помалку време да ја регулирате температурата на водата. Исто така откако ќе ја исклучите и повторно ќе ја вклучите славината, ќе тече вода со истата температура.

4. Индукциски шпорет

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Индукциските шпорети се многу ефикасни – околу 84% од нивната енергија ја загрева храната. Електричниот шпорет од друга страна има друга ефикасност – 70%, а шпоретот на гас само 40%. Ова значи дека храната се приготвува побрзо на индукциски шпорет, а со тоа се намалува потрошувачката на електрична енергија. Покрај тоа, овие шпорети имаат и други предности. Тие не функционираат додека не ставите сад со одредена тежина на нив. Ова значи дека не можете да го заборавите шпоретот вклучен, а со тоа се намалува непотребното трошење енергија и ризикот од пожар. Исто така површината на овие шпорети не се загрева, па ризикот од изгореници е помал.

5. Сезонска промена на гуми

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Познато е дека зимските гуми се поскапи од гумите за сите сезони. Исто така ако имате зимски гуми ќе треба да ги менувате со менувањето на сезоната, а ова води до повеќе трошоци. Па како се исплатливи? Дури и кога ќе се земат предвид трошоците за менување на гумите, сезонските гуми ќе ве чинат помалку бидејќи гумите за сите сезони имаат пократок век на траење. Но она што ќе ви заштеди најмногу е зголемената безбедност на автомобилот. Ако има мраз, гумите за сите сезони се стврднуваат, па автомобилот е потежок за контролирање. Трошоците за поправка на удрен автомобил можат многу да влијаат на вашиот буџет.

6. ЛЕД сијалици

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Иако имаат многу предности, ЛЕД сијалиците не се многу популарни. Единствениот нивен недостаток е високата цена. Една ЛЕД сијалица чини дури и 8 пати повеќе од обичните. Но истовремено, ЛЕД сијалиците консумираат 10 пати помалку енергија. Нивниот рок на траење е 10.000 до 25.000 часа, додека обичните сијалици траат само 1.000 часа. Ова значи дека со една ЛЕД сијалица можете да замените 20 обични. Евентуално, ЛЕД сијалиците ќе станат 7 пати поекономични од нормалните.

7. Стакло за задржување енергија

Скапи инвестиции што ќе ви се исплатат на долгорочен план

Иако ова стакло прв пат е употребено во 70-тите, денешните потрошувачи не сакаат да доплаќаат за него. Ова не е изненадувачки факт кога ќе се земе предвид дека ова стакло го зголемува трошокот за 50% до 80%. Но, околу 40% од топлината во домовите се губи низ стаклото. Размислете колку пари трошите за греење. Со половина од тие пари го греете просторот надвор. Со стаклото за задржување на енергијата го намалувате трансферот на топлина низ низ за 75% до 90%. Ако ги разгледате сметките, ќе ви стане јасно колку пари ќе заштедите. Покрај тоа, не заборавајте на електричната енергија што ја трошат клима уредите во текот на летото. Ова стакло ќе ви ја задржи посакуваната температура во вашиот дом.

Дали знаете колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар