Сирова вода: Најновиот тренд кој можеби е опасен по здравјето

Сирова вода: Најновиот тренд кој можеби е опасен по здравјето

Кога станува збор за трендовите за здравје, без разлика дали е детоксикација или програма за вежбање, луѓето ќе направат речиси сè за да бидат здрави и да останат во форма. Со голем притисок од медиумите, здравата исхрана и добрата грижа за нашето тело стануваат сè попопуларни.

Сирова вода: Најновиот тренд кој можеби е опасен по здравјето

Силициумската долина во Калифорнија е позната по иновациите и способноста да создава нови трендови. А најновиот тренд е флаширана, нефилтрирана вода која се продава за речиси 13 евра за 4 литри.

Има ли разлика помеѓу обичната и „сировата“ вода? Зарем водата не е најприродното нешто што го консумираме? Всушност, водата која ја консумираме секојдневно е филтрирана. Ова значи дека од неа се отстранети сите потенцијално опасни бактерии и материи. Водата за пиење исто така има и мал процент флуорит кој се додава за заштита на забите. Но сировата вода не е воопшто филтрирана, а ова значи дека во неа може да се наоѓаат штетни бактерии, па дури и остатоци од животни.

Сировата вода е најновиот тренд

(1) Сирова вода: Најновиот тренд кој можеби е опасен по здравјето

Прашањето дали е добра или не, сè уште е неодговорено. Иако ова е нов тренд, консумирањето сирова вода не е баш нов концепт. Поради нејзиното рекламирање во медиумите сировата вода си доби многу „следбеници“ кои сакаат да живеат поздрав живот. Сигурно имате слушнато за контроверзиите поврзани со флашираната вода поради загадувањето кое го предизвикуваат шишињата, но сè уште нема никакви критики за самата вода. Барем не досега.

Нема сомнение дека сè повеќе луѓе се свесни за своето здравје и во исхраната вклучуваат разни сокови и додатоци. Постојано се бара следното нешто што на природен начин ќе го реши проблемот со концентрацијата, анксиозноста или депресијата. Оние кои консумираат сирова вода се колнат дека нејзините природни особини имаат способност да ги излекуваат овие проблеми, благодарение на бактериите кои често се отстрануваат со филтрирањето.

Филтрираната вода е минато

Сирова вода: Најновиот тренд кој можеби е опасен по здравјето

Луѓето кои консумираат сирова вода се строго против филтрираната бидејќи сметаат дека е премногу обработена. Еден од нив е и Даниел Виталис кој ги предупредува љубителите на филтрираната вода:

„Преработуваната, мртва вода полна со хлор и флуорит, има смисла кога населението е како наредени, спакувани и одгледувани кокошки.“

Даниел е еден од пионерите во движењето за сирова вода и очигледно мрази сè што е поврзано со филтрирањето.

Даниел е еден од првите кои го започнале движењето

Сирова вода: Најновиот тренд кој можеби е опасен по здравјето

Покрај наводните здравствени придобивки, љубителите на сировата вода тврдат дека таа има и многу подобар вкус. Според Даниел, водата има побогат и почист вкус кој е многу подобар.

Исто така постојат тврдења дека водата од чешма е многу штетна за здравјето на забите. Нема сомнение дека водниот систем во речиси секоја држава си има свои проблеми, но мора да се земе предвид дека филтрирањето на водата ставило крај на некои болести како колера и тифус. Навистина е тешко да се спротивставите на нешто кое Центарот за контрола и превенција на болести го прогласи како „Најголемо достигнување за здравјето на јавноста на 20-тиот век“. Веројатно веќе ви е јасно дека пиењето нефилтрирана вода може да биде навистина страшно и опасно.

Дознајте и дали веганството ќе стане тренд во 2018 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар