Сигурни сте какви мажи не ви одговараат, но дали знаете кој тип е идеален за вас?

Сигурни сте какви мажи не ви одговараат, но дали знаете кој тип е всушност добар за вас? Решете го нашиот тест кој може да ве одведе на вистинскиот пат. Одговорот ќе го најдете покрај буквата што најмногу сте ја бирале.

Сигурни сте какви мажи не ви одговараат, но дали знаете кој тип е идеален за вас?

1. Дали верувате во голема љубов и судбина?

А Да. Можам само да се надевам дека ќе ми се случи еден ден.

Б Големата љубов е романтична заблуда.

В Тоа е само во филмовите.

2. Кој од овие три сега класични љубовни филмови би го одбрале?

А Титаник (Titanic).

Б Валкан танц (Dirty Dancing).

В Љубов, всушност (Love, Actually).

3. Вашиот човек од соништата што би правел наутро?

А Страсно ме сака.

Б Ми носи појадок во кревет.

В Ги мие забите, па почнува да ме заведува.

4. Каков треба да биде вашиот партнер?

А Нежен, романтичен, верен.

Б Образован, интелигентен, сигурен.

В Секси, имагинативен, духовит.

5. За таков човек би …

И … сторила сé, и сигурно ќе очекувам да стори сé за мене.

Б … се заинтересирала за неговите хобија.

В … дури бу страдала и би му простила за некоја глупост.

6. Каква долна облека треба да носи вашиот партнер?

А Класични боксери со пристоен модел.

Б Брендирани гаќички од забавни мотиви.

В Никаква.

7. Што никогаш не треба да прави вашиот маж?

А Да изневерува.

Б Да бие и да биде груб.

В Да биде досаден.

8. Како ќе се чувсвувате ако ве изненади со љубовна песна?

А Ах, тоа би било толку слатко од него!

Б Убаво, но мажите треба да се занимаваат со некои други работи.

В Песните навистина не ме интересираат.

9. Дали е во ред ако мажот наместо кариера избере да се грижи за куќата и децата?

А Зависи.

Б Ако жената заработува повеќе од сопругот, тоа е разбирливо.

В Таквите мажи ми се чудни.

10. Колку е важна кариерата за вас?

А Ако мојот партнер има навистина добро платена работа, не би ми било проблем да престанам да работам.

Б Имам интересна работа, но никогаш не знаете што животот може да ви донесе.

В Мојата кариера е многу важна за мене, важно е да постигнам деловен успех.

Најмногу одговори под А: Потребен ви е заштитник

Потребен ви е некој да ве гушка, држи за рака и секогаш да биде тука за вас, па затоа дајте му до знаење дека не можете да живеете без него. Партнерот треба да биде постар од вас или да се однесува како да е постар.

Најмногу одговори под Б: Пријател и финансиер

Човекот кој би ви одговарал веројатно работи во финансии, можеби дури и (успешна) самовработена личност, а во исто време треба да ви биде добар пријател. Ќе бидете среќни да се потпрете на него финансиски, но од друга страна, не доаѓа предвид да го поддржувате вашиот маж финансиски. Животот е тежок и потребен ви е партнер на кој може да му верувате, а не дополнителна грижа.

Најмногу одговори под В: Забавен и секси

Вашиот партнер треба да биде за вљубен уметник, млад или барем со младешки изглед, многу мажествен и сексуално привлечен. Сакате забава, ако е можно, и дење и ноќе. Физичкиот аспект на врската е многу важен за вас, како и хуморот. Кој е подготвен за тоа може да биде ваш партнер.

Овие врати откриваат што ве чека во 2021 година: Која ќе ја отворите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар