Што значат белите линии на пилешкото месо?

Што значат белите линии на пилешкото месо?

Суровите пилешки гради обично имаат бледо розова боја и се сметаат за чисто месо. Како и да е, во последно време почесто можеме да видиме пилешко месо со бели линии. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Болоња сугерира дека овие бели линии се посериозни отолку што мислиме.

Што значат белите линии на пилешкото месо?

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Italian Journal of Animal Science и откриваат дека белите линии се пронајдени во 12% од примероците. Исто така, се покажало дека пилешкото месо со бели линии содржи 224% повеќе маснотии од вообичаеното пилешко.

Истражувачите претпоставуваат дека белите линии се резултат на некој нов начин на кој се одгледуваат животните со што се користи препарат кој го забрзува нивниот раст во пократок временски период. Тие исто така откриле дека денешните кокошки ја достигнуваат потребната тежина за продавање двојно побрзо отколку пред 50 години. Освен тоа, се продаваат и двојно потешки од порано.

Поради големата побарувачка на пилешко месо во Западот, птиците ги хранат со додатоци кои можеби се причина за намалување на мускулите и зголемување на маснотиите во месото. Иако истражувањето покажало дека пилешкото месо со бели линии е безбедно за јадење, истражувачите се сомневаат дека ова месо содржи помалку протеини и има полош вкус од „нормалното“ пилешко.

Прочитајте и која е најголемата грешка при подготовката на пилешко: ако го правите ова, месото ќе биде преполно со бактерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар