Што вели појадокот за вас?

Една нова студија покажала дека амбициозните луѓе јадат топло тост лепче кое ја вклучува и корката и без проблем мачкаат џем со истата лажица која ја користат и за путерот. Од друга страна пак, перфекционистите ги сечат своите парчиња во триаголници, без корките и ги мачкаат со џем кој нема семки, оставајќи уредна рамка околу рабовите. Големиот број одлуки кои ги донесуваме несвесно за време на појадокот ни овозможуваат поделба на луѓето во 15 карактерни типови.

Што вели појадокот за вас?

Заштитникот одбира тенко исечен леб, направен од целосни зрна, со мал слој мед. Оние кои се „во тренд“ сакаат полубел леб, хоризонтално исечкан, со корките, намачкан со џем од јагоди и путер, додека пак, оние кои живеат според мотото YOLO (само еднаш се живее) се одлучуваат за тенко исечкан бел леб, препечен со цел да крцка и намачкан со тенок слој џем.

Секој аспект од начинот на кој ние го јадеме нашиот домашен тост им помага на истражувачите да состават слика за нас, започнувајќи од нашиот избор на леб, па сè до тоа што сакаме да намачкаме на него. Тие дури сакаат да знаат и дали ножот кој го користиме за путерот го користиме и за џемот или пак, користиме посебна лажица.

Сите овие нешта се знаци кои откриваат дали сте природен лидер, следбеник, опуштена личност или имате потреба сè да контролирате. Студијата била спроведена од страна на произведувачите на мармалад „Duerr’s“ во соработка со „Robert’s Bakery“.

Целосната листа на 15-те видови личности базирана според начинот на кој го јадеме нашето тост лепче е:

  • Ангелски
  • Во тренд
  • Трагачи по возбуда
  • YOLO (само еднаш се живее)
  • Перфекционисти
  • Заштитници
  • Лидери
  • Амбициозни
  • Бунтовници
  • Статус-кво љубовници
  • Одржувачи на мирот
  • Попустливи
  • Опуштени
  • Оние кои секој ги сака за партнер

Сите овие категории се базирани на следниве знаци за начинот на кој го јадеме нашиот појадок:

Путер намачкан до работ – Вие сте перфекционисти кои сакаат нештата да бидат под конец.

Полубел леб – Правите компромиси во кои сакате да го искористите најдоброто од двата света.

Сами го сечете лебот – Сакате да имате контрола!

Секое утро различен појадок – Копнеете по разновидност и возбуда во вашиот живот, мразите рутина!

Отстранување на корките – Вие сте нетолерантни за сите оние нешта кои се лоши во светот.

Егзотични вкусови на џем – Вие сакате да правите експерименти со цел да најдете нови и свежи доживувања.

Тенко исечкан леб или тенок слој путер/џем – Вие сте хедонисти, бидејќи знаете дека вредите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар