Што може да ве научи вашето милениче за животот, љубовта и сè останато?

Што може да ве научи вашето милениче за животот, љубовта и сè останато?

Дали сте помислиле какво влијание има вашето милениче врз вас и врз вашето ментално здравје? Сигурно веќе сте почувствувале дека вашето милениче може да ве смири и во најтешките периоди. Изгледа дека нашите крзнени пријатели навистина ни годат. Погледнете што сè можете да научите од вашето домашно милениче.

Што може да ве научи вашето милениче за животот, љубовта и сè останато?

1. Важноста на физичката поврзаност

Нема ништо посмирувачко од тоа да ја галите вашата мачка додека не заспие. Изгледа дека овој вид физички контакт има навистина позитивен ефект на вашата ментална состојба. Во едно истражување спроведено од две добротворни организации од Велика Британија, истражувачите сакале да откријат како грижењето за мачка влијае на депресијата на една личност. Биле набљудувани 600 луѓе со и без мачки. Се открило дека кај 87% од сопствениците на мачки, миленичето имало позитивно влијание на менталното здравје. Третина од испитаниците изјавиле дека галењето на нивните мачки ги смирувало и им помагало.

2. Моќта на добрата прошетка

Едно истражување го набљудувало животниот стил на над 40.000 возрасни со цел да се одреди врската помеѓу чувањето милениче и физичката активност, особено пешачењето. Изненадувачки, се открило дека луѓето кои чуваат кучиња поретко одат пешки на некое место за разлика од оние кои имаат мачки. Но луѓето кои имале кучиња почесто пешачеле за опуштање. Со други зборови, вашето куче навистина ќе ви ја покаже важноста на редовната физичка активност.

3. Како да останете смирени под притисок

Доколку добро се грижите за вашето милениче, тоа ретко чувствува стрес, освен кога ќе го оставите само на подолг период. Како што вашето присуство го смирува миленичето, изгледа дека и присуство на вашето милениче го намалува вашиот стрес. Во едно истражување биле собрани испитаници кои чуваат и кои не чуваат мачки или кучиња. Им била дадена математичка задача која требало да ја завршат за одреден временски период. Се покажало дека испитаниците кои имале миленичиња поретко имале забрзување на пулсот и имале понизок крвен притисок. Кога нивните миленичиња биле донесени во просторијата, тие направиле помалку грешки од испитаниците без животно.

4. Како да бидете добар лидер

Според една онлајн анкета во која учествувале 857 Американци, чувањето милениче може да ви помогне и на професионално поле. Резултатите покажале дека 86% од сопствениците на миленичиња имаат подобро организирано време и се поефикасни поради нивните миленици.

Чувањето милениче уште од рана возраст изгледа има големо влијание во равенката, барем според мислењето на професионалците. 90% од испитаниците изјавиле дека мисла дека децата би постигнале поголем успех на училиште доколку се грижат за милениче.

Дури и без овие придобивки, навистина е одлично да имате пријател што ве сака безусловно. Покрај тоа, секогаш е достапен за гушкање.

Погледнете ги и овие важни лекции што можете да ги научите од домашните миленици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар