Што кажува вашиот омилен автор за вас?

Што кажува вашиот омилен автор за вас?

Не само што вашата омилена книга открива многу за вас, туку и човекот кој ја создал. Честопати се случува во различни етапи од животот да имате различна омилена книга и автор, а тоа покажува многу за моменталната состојба на човекот. Па, откријте што вашиот омилен автор кажува за вас.

1-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk

Ернст Хемингвеј

Вие сте непредвидливи. Чувствителни и груби, сурови и милосливи. Можете да бидете арогантни и полни со себе, за подоцна во дел од секундата да бидете полни со емпатија и нежност.

Вие ги поттикнувате луѓето да го дадат најдоброто од себе, одбивајќи сè што е помалку од вашите лични очекувања.

Ф. Скот Фицџералд

Често сте потценувани затоа што по природа сте срамежливи и повлечени, сè додека не ги шокирате и не предизвикате стравопочит кај луѓето со вашите скриени таленти.

Романтичари сте и не се срамите да го признаете тоа. И покрај славата и восхитувањата кои можете да ги достигнете, вие сепак трагате по љубов. Некого со кого ќе можете да патувате, некого кого ќе го сакате и некого со кого ќе можете да ги споделите книжевните вкусови.

Џејн Остин

Иако сте романтична душа, не го пружате на дланка вашето големо срце и не ги погазувате вашите приоритети за љубовта. Сакате да бидете почитувани исто толку колку што сакате да ви се восхитуваат.

Вие сте независни и диви. Секогаш сте во потрага по нешто поголемо од она кое вашиот мозок може да го замисли.

Фјодор Достоевски

Мислител и филозоф. Понекогаш имате проблем да се опуштите и да уживате затоа што сте интровертна личност која премногу размислува. Вие сте револуционер, анархист и имате нескротлив дух.

Можете да поминете денови и денови сами со своите мисли и идеи и тоа ве прави среќни. Го сакате човечкиот ум и сите оние милиони места на кои можете да отпатувате со него.

4-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk_

Лав Толстој

На прво место ви се моралните вредности и цврсто се држите до нив. Вашите чувства и барања се секогаш во склад.

Вие сте религиозна и духовна личност, која не ги негира учењата на другите.

Џ. К. Роулинг

Вие живеете во свој свет. Вие фантазирате и романтизирате и би го смениле овој свет, во кој живеете со некој друг, подобар.

За вас велат дека сте сонувач, но просто вие сте само оптимист. Верувате дека доброто ве чека таму некаде и подготвени сте да го пронајдете.

Херман Хесе

Вие сте сконцентрирани на духовното во себе. Понекогаш сте малку изгубени и збунети, но вие добро се познавате себеси и затоа не се плашите да го продолжите доживувањето.

Можеби не ја знаете вашата патека, но се познавате себеси. Можеби не знаете каде одите, што правите, по што трагате, но знаете дека нема да запрете додека не го пронајдете.

Џ. Р. Р. Толкин

Вие сте неверојатно интелигентна личност, но и голем фанатик. Вие сте господар во вашиот свет, но верувате и ги почитувате и туѓите.

Не се плашите од искуства, им дозволувате да ве обликуваат и дефинираат.

2-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk

Х. Л. Борхес

Вие сте поет и сонувач. Сè анализирате и раслојувате. Полни сте со страст и со имагинација, но исто така сте и приземјени и искрени. Ги сакате мистериите и мисловните лавиринти.

Сакате да ги гледате реално работите откако ќе ги согледате од сите аспекти.

Силвија Плат

Вие сте брилијантни, но несфатени. Се сомневате во себе, не можете да си ги согледате сопствените таленти и дарби, дури и кога добивате пофалби за истите.

Не ви се важни материјалните добра и обожувањата, едноставно сакате да си го живеете животот. Вие сте остроумни и длабоко размислувате за нештата, па затоа тешко го отворате вашето срце за другите.

Оскар Вајлд

Вие сте непредвидливи. Храбри и темпераментни, некој кој постојано трча од едно на друго место. Вие се вклопувате во секое друштво и во секоја работа која ќе ја пробате.

Вие секогаш ги зашеметувате луѓето со вашите идеи и тие ве сакаат поради вашата духовитост и интелигенција.

Чарлс Буковски

Вие имате нежно срце прегазено со текот на годините. Вие сте дијамант сокриен зад валканите и проколнати зборови. Често сте оцрнети и занемарени поради вашата груба надворешност.

Луѓето не ја гледаат вашата вистинска страна сè додека не се осмелат да ви се доближат. Во вас се крие голем љубовник.

5-Shto-kazhuva-vashiot-omilen-vas-kafepauza.mk_

Џ. Д. Селинџер

Ве сте бунтовник и мислител. Можете да поминете денови, недели и години разглобувајќи ги работите за животот и сте склони кон егзистенцијални кризи. Ја сакате идејата за фамилија и цврстата поврзаност на друштвата.

Чарлс Дикенс

Вие сте набљудувач на општеството и сакате да давате критика за вашата генерација. Родени бунтовници сте и секогаш се грижите за губитниците.

Вие немате никаков проблем да целите точно во центарот и да ги испратите сите во бестрага.

Марк Твен

Вие сте комичен лик, но оние кои ви се блиски знаат дека вашата смисла за хумор произлегува од вашата интелигенција и длабоките размисли.

Понекогаш не си ги гледате способностите толку јасно како другите, па затоа си ја пробувате среќата во многу професии.

Габриел Гарсија Маркез

Вие сте остри на јазик и не се плашите да го кажете она што го мислите. Ги сакате метафорите затоа што го прикажуваат вашиот живот и оној кој го фантазирате.

Вие ги анализирате луѓето и вашиот начин на живеење. Ве привлекуваат политиката и социјалните реформи и бескрајното повторување на историјата.

Library with a book ladder and lamp

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар