Што кажува вашиот индијански тотем за вас?

Што кажува вашиот индијански тотем за вас?

Во животните се крие голема древна мудрост. Секое од нив претставува различен карактер и разни особини. Па, доколку сакате да дознаете кое е вашето животно според датумот на раѓање, како и што тоа кажува за вас, тогаш побарајте го во продолжение и подгответе се да бидете изненадени.

Што кажува вашиот индијански тотем за вас?

Сокол (21 март – 19 април)

Како и соколот, така и вие сте независни и секогаш ја гледате поголемата слика во животот. Вие никогаш не судите. Добро напредувате во животот и секогаш ги носите своите сакани на патот кон успехот.

Дабар (20 април – 20 мај)

Вие сте креативни, конструктивни и грижливи. По природа сте добри личности, но можете да нападнете ако чувствувате закана. Знаете да ги средувате проблемите, без разлика дали станува збор за професионалниот или за приватниот живот. Со вашата креативност им поставувате нови граници на другите.

Елен (21 мај – 20 јуни)

Како и елените, така и вие сте интроверти. Сакате да поминувате време во природа, а добри сте само кон луѓето кои ви се блиски.

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)

Вие сте неверојатно вредни. Постојаноста, напорното работење и тврдоглавоста се само дел од карактеристиките што зрачат од вас со енергија која ги инспирира другите да останат фокусирани.

Лосос (22 јули – 22 август)

Вие сте револуционери и секогаш се движите во спротивната насока. Вашиот поглед кон животот се разликува од оној на другите и секогаш сакате да ги побиете постоечките верувања.

Мечка (23 август – 22 септември)

Страсни и лојални. Вие сте навистина нежни со оние што ги сакате, но немилосрдни со луѓето кои го предизвикуваат вашиот авторитет.

Врана (23 септември – 22 октомври)

Вие сте мистериозни и понекогаш можете да имате многу мрачни мисли. Обично се држите настрана од другите, освен ако не најдете некој што е ист како вас.

Змија (23 октомври – 21 ноември)

Вие сте луѓе со емпатија. Интуитивни сте и таинствени. Секогаш ги разбирате луѓето наместо да ги судите.

Був (22 ноември – 21 декември)

Како бувот, така и вие сте навистина интелигентни и гледате можности дури и во мракот. Вие брзо сфаќате и постојано сте многу внимателни.

Снежна гуска (22 декември – 19 јануари)

По природа сте мирни и тивки. Искрени сте, а лојалноста ви е позната одлика. Ако имате поддршка од вашите родители, можете да постигнете многу.

Видра (22 јануари – 18 февруари)

Како и видрата, така и вие сте навистина добри. Лекувањето е вашата моќ. Тешко ви е да гледате кога некој страда и секогаш се обидувате да ги држите сите настрана од неволја.

Волк (19 февруари – 20 март)

Волкот е симбол на мудроста и стравот. За вас не постои среден пат во животот. Другите или ве прифаќаат или ве одбиваат. Вие сте лојални и мудри и можете да направите многу борејќи се за оние што ги сакате.

Прочитајте ги и овие неверојатни индијански животни правила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар