Што е заедничко за војната и плетењето?

Што е заедничко за војната и плетењето?

Можеби ќе звучи изненадувачки, но плетењето и војната имаат поголема поврзаност отколку што мислите. Во многу земји низ историјата често биле инволвирани плетачки во војната. Во минатото жените биле поттикнувани да ја поддржуваат војската од дома со плетење чорапи и капи. Како и да е, иако плетењето секогаш било асоцијација за хоби на постарите дами, за време на нередите плетењето станало многу повеќе од тоа.

„За време на војната плетењето често станувало форма на отпор.“

Постои долга историја помеѓу плетењето и шпионажата. Некои плетеле кодови во материјалите додека други ги користеле плетките како покритие. Шпионите знаеле да вметнат тајни пораки во плетките, украсувањето и килимите. Кога војната избивала опасно во воздухот таму биле плетачките што седеле трпеливо и војувале со нивните сопствени битки прикажувајќи го нивниот начин на отпор. Не плетеле само жени, туку и затвореници, болнички пациенти, а и деца. Војниците што биле повредени исто така биле учени да плетат додека биле во болница, што врз нив имало терапевтски ефект.

Кога плетачките сакале да вметнат тајни пораки преку плетењето тие користеле форма на стенографија. Тоа значи дека тие внесувале Морзеови шифри во материјалите. Плетената облека во основа се прави со комбинација од две конци – плетен конец (што наликува на латинично „в“) и плетен набор (што изгледа како хоризонтална линија или мала испакнатост). Со користењето на овие два вида плетки плетачките работеле на нивните дизајни за да испратат шифрирани пораки кои честопати биле сокриени во незабележителна облека што изгледала едноставно.

„Со помош на Морзеовите шифри било многу лесно да се шифрира информацијата во материјалот.“

Жени што плетат секогаш било позната глетка бидејќи тие плетеле потребни работи за војниците за време на судирите – а тоа значело дека многу лесно можело да се искористи како предност за шпионажа. Луѓето кои не сакале да ризикуваат ставајќи кодирани пораки во нивните плетки го користеле плетењето како покритие. Еден од најпознатите примери била Моли Ринкер од Филаделфија.
За време на револуционерната војна во Америка, Британската војска ги преземала домовите на колонијалните жители и луѓето не биле задоволни. Кога Британците дошле во домот на Моли тие не дозволувале пристап на мажи во домаќинството, само на Моли ѝ било дозволено да ги служи војниците, а таа тогаш внимателно ги слушала нивните разговори. Ги пишувала информациите на мало парче хартија и го виткала околу камен којшто после го виткала во забележлива топка од предиво. Потоа Моли го земала каменот каде што седела и плетела, и незабележително го испуштала предивото во вид на топка недалеку од каменот. Кога некој од луѓето на Џорџ Вашингтон ќе допатувал, го земал предивото и ги дознавал тајните на британската војска.

Една блогерка по име Ширли којашто се сеќава на војната ја споделила фасцинантната приказна за тоа како членовите на нејзиното семејство плетеле за војниците. Мајка ѝ на Ширли плетела за време на војната додека доставувала писма во кочија на два колца. Таа ѝ кажала дека заедно со нејзината најдобра пријателка Ванда доставувале рурални писма за да можат да уживаат во приватните разговори подалеку од нејзините тројца браќа. Едната била одговорна за надгледување додека другата плетела со брзина на светлината.

Погрешна е претпоставката дека плетењето било тивка и релаксирачка активност. Денес е пријатна и смирувачка активност, но за време на војната било важно личноста секогаш да има проект и да работи сè додека прстите не ѝ се изморат. На војниците им било потребно тоа што се плетело, што значело дека секој конец значел дека работите за војник – на тој начин им се покажувало на војниците дека се дел од вашето семејство. Дури и на најмладите деца им се давале игли и почнувале со правење најосновни плетки кои потоа биле сошивани во прекривки. Марамите биле многу важни, и им биле неверојатно потребни во влажните зими во Европа.

Прочитајте и за човекот што плете џемпери инспирирани од познати места ширум светот и позира таму во нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар