Селфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулите

Верувале или не, годинава повеќе луѓе починале при обидот да направат селфи отколку при напад од ајкули. Сериозно. Според новите извештаи, во 2015 година имало повеќе смртни случаи поврзани со селфи, како на пример, лизнување, паѓање и други видови несреќи, отколку смртоносни напади на ајкули.

Селфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулите

Досега постојат барем 12 потврдени несреќи кои завршиле со смрт предизвикана од селфи, додека пак само 8 од напад од ајкули. Повеќето од смртта која настанала од селфи е резултат на глупавост, како обиди да се направат опасни фотки кои им пркосат на гравитацијата или приближување до опасни животни, како мечка. Најновиот смртен случај е 66-годишниот јапонски турист кој паднал по скали додека се обидувал да направи селфи во Таџ Махал.

Министерот за внатрешни работи од Русија добивал толку многу извештаи за смрт поврзана со селфиња, што решил да издаде памфлет чија цел е да ги образува луѓето на процедурата за правење вакви фотографии. Искрено, смртта поради несреќа додека се обидувате да направите фотографија од себе е можеби еден од најглупавите начини да се умре. Токму затоа бидете безбедни и тргнете ги малку телефоните од вашето лице!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар