Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
Сите знаеме дека Кеопсовата пирамида во Египет спаѓа во седумте светски чуда. Но дали некој од нас може да ги наброи останатите? Иако секое од нив фасцинира, сепак светот не стои во место и многу брзо се развива. Направена е нова класификација на светските чуда во две листи во кои се внесени старите (древните) и новите светски чуда. Интересно и поучно.
.
Старите седум светски чуда

Кеопсовата пирамида

Висечките градини во Вавилон

Статуата на Зевз во Олимпија

Храмот на Артемида во Ефес

Мавзолејот на Мавзолос во Халикарнас

Колосот од Родос

Светилникот во Александрија
Од нив, постои само уште Кеопсовата пирамида во Египет. Сите останати не постојат, поради некоја елементарна непогода која ги зафатила краиштата каде што се наоѓале.
.
Нови седум светски чуда

Кинескиот Ѕид во Кина

Древниот град Петра во Јордан

Спасителот Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил

Мачу Пикчу во Куско, Перу

Чичен Ица во Јукатан, Мексико

Колосеумот во Рим, Италија

Таџ Махал во Агра, Индија