Само психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?

Научниците дознале кој пијалак им е омилен на психопатите и садистите иако не успеале да ја објаснат таа поврзаност. Според резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Инсбрук, ако сакате да пиете џин тоник, постојат големи шанси дека сте психопати. Освен џин тоник, психопатски особини покажале и поединците кои обожуваат темно чоколадо и црно кафе, односно воопшто горчливи вкусови.

Само психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?

Во истражувањето учествувале илјадници луѓе, а задачата им била да пробаат различни видови храна и пијалаци и да оценат колку им се допаѓаат. Потоа, морале да пополнат прашалник за нивната личност, ја мереле нивната емоционална стабилност, склоност кон садизам, агресија и слично.

Се покажало дека луѓето кои претпочитаат горчливи вкусови, како што е вкусот на џин тоник, покажуваат знаци на психопатија, нарцисоидност и садизам.

Научниците сѐ уште не можат да ја објаснат врската помеѓу овие вкусови и психопатските особини, но некои велат дека тоа е поврзано со преземањето ризици. Имено, горчливите вкусови воглавно се поврзуваат со отровната храна, а „лошиот“ вкус би требало да нѐ одврати од јадењето такви намирници.

Што мислите вие за ова? Дали џин тоникот е вашата омилена пијачка?

Во продолжение дознајте каква музика најчесто слушаат психопатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар