Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Рим е еден од најубавите градови во Европа, а Италија секогаш потсетува на романтика. Овој град е место кое мора да го посетите доколку сакате вашата љубовна приказна да добие уште една прекрасна страница. Одберете ги најромантичните локации во Рим и заедно истражете го градот кој има богата историја, единствена архитектура и важни културни обележја.

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

1. Фонтаната Треви

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Сместена на крајот од Аква Верџине, еден од најстарите акведукти кои го снабдувале Рим со вода, фонтаната Треви е најголемата (26 метри висока и 20 метри широка) и најамбициозната барокна фонтана во Рим. Фасцинантна е и мермерната статуа на Нептун, богот на морето, која постојано привлекува туристи.

Фрлете неколку парички во фонтаната за среќа и уживајте во неверојатните ефекти на светлината. Најдоброто време за посета на фонтаната Треви е многу рано наутро кога ноќната светлина се одбива од фонтаната, а уличните светилки создаваат романтична атмосфера.

2. Градината Пинчио

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Доколку сте во потрага по спокој, тогаш мора да ја посетите градината Пинчио. Тука ќе уживате во погледот кон плоштадот Пјаца дел Пополо, од каде што можете да ги видите и папската базилика Св. Петар и ридот Џианиколо.

Зелената градина со спектакуларен поглед кон Рим и мирните патеки поврзани со вилата Боргезе преку пешачкиот мост се само дел од магијата на ова место.

3. Барот на кровот од хотелот Рафаел

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Барот во овој хотел е едно од најромантичните места во Рим во кое можете да пробате превкусни специјалитети и да уживате во неверојатниот поглед на градскиот пејзаж. За време на зајдисонцето, призорот е многу филмски.

4. Мостот на ангелите

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Овој мост е еден од најспектакуларните римски градби направени од мермер кој може да се пофали со својата архитектура и големина. Со скулптурите на св. Петар и Павле на самиот влез, мостот преку реката Тибар нуди впечатлив поглед на Тврдината на ангелите. Тој важи за еден од најпознатите романтични места во Рим, совршен за разменување нежности.

5. Шпанските скали

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Шпанските скали се една од најпопуларните туристички атракции во Италија. Првичната намена им била да ја поврзат шпанската амбасада со француската црква Тринита деи Монти. Голем број од сцените во романтичната комедија „Празник во Рим“ (Roman Holiday), во кој глумат Одри Хепбер и Грегори Пек, се снимени токму тука.

Ви треба инспирација? Погледнете ги овие филмови поради кои ќе посакате да го посетите Рим.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар