Психолозите откриваат: Зошто го проверуваме телефонот на нашите партнери?

Психолозите откриваат: Зошто го проверуваме телефонот на нашите партнери?

„Што ли крие во телефонот? Кој ли му прати порака?“. Познати ви се овие ситуации? Ако одговоривте потврдно, не сте единствени. Според едно истражување од 2012 година спроведено од страна на компанијата Нокс, дури две третини од учесниците скришум ги читале пораките на телефонот и на социјалните мрежи на нивниот партнер.

Психолозите откриваат: Зошто го проверуваме телефонот на нашите партнери?

Ризикот кој доаѓа со овој потег е тоа што можно е да пронајдете некаков двосмислен „материјал“ кој ќе предизвика љубомора во форма на мисли, чувства или однесување. Психолозите тврдат дека љубомората, без оглед на тоа во која форма се манифестира, има една единствена цел: Да ја заштити и одбрани врската од луѓето кои можеби сакаат да го украдат нашиот партнер.

Кои видови пораки предизвикуваат љубомора?

Еволуционата психологија смета дека мажите и жените различно ја доживуваат љубомората и дека се мотивирани од различни „закани“ кои би можеле да ѝ наштетат на врската. Мажите се почесто љубоморни на сексуалното неверство, затоа што тоа претставува закана за нивното потомство. Жените се пољубоморни на емоционалното неверство, затоа што тоа ја загрозува долгорочната приврзаност со партнерот која би требало да им даде сигурност.

Со оглед на тоа што многу луѓе признале дека го проверуваат телефонот на нивниот партнер, се поставува прашање дали мажите и жените различно реагираат на различни видови пораки, односно на оние кои имаат емотивна содржина и на оние кои имаат сексуална конотација.

Уште една студија од 2015 година се обидела да ја истражи оваа реакција, така што 42 студенти требало да прочитаат пораки кои имале сексуална или емотивна содржина. Преку ова истражување биле измерени следниве параметри:

1. Вкупниот број задржани погледи на секоја порака.

2. Целокупното време поминато во читање на секоја порака.

Учесниците требале да кажат која порака би им била најстресна кога би ја пронашле на телефонот на нивниот партнер или партнерка.

Истражувањето открило дека вкупниот број задржани погледи бил поголем кај жените отколку кај мажите, кога станува збор за емотивните пораки. Тие исто така поминале повеќе време гледајќи во пораките со ваква содржина. За пораките со сексуална содржина важи обратното: Мажите повеќе се задржувале на нив и поминувале повеќе време читајќи ги.

Психолозите откриваат: Зошто го проверуваме телефонот на нашите партнери?

Што е она што нѐ влече кон телефонот?

Подгответе се за лоши вести! Едно истражување од 2013 година спроведено од страна на веб-сајт за осигурување на мобилни телефони покажало дека од 2.400 испитаници во Велика Британија кои откриле дека партнерот им бил неверен, или кои биле неверни, во 41% од случаите неверството било откриено преку мобилниот телефон. Другиот најчест начин, односно 23% од случаите, на кој се открива неверството е преку социјалните мрежи.

Интересно е тоа што ова истражување било нарачано по зголемениот број побарувачки на услуги поради оштетување на телефонот кога тој паднал и се скршил во текот на караницата. Овие студии откриваат дека многу луѓе, речиси по навика го проверуваат телефонот на нивниот партнер.

На крајот на краиштата, можеби има нешто добро во целава ситуација: Никој не сака да си го троши времето на лажливци и неверници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. digital Reply

    Da se normalni psiholozite, ne bi dale komentar.Hehe, pozz.

Остави коментар