Психолозите откриваат: Која е целта на паровите кои постојано објавуваат фотографии на Инстаграм?

На сите ни се познати овие љубовни парови и нивното однесување на социјалните мрежи: Тие нѐ бомбардираат со стари слики од нивниот последен одмор, си пишуваат долги љубовни изјави за нивната годишнина и обожаваат да ги потсетуваат нивните следбеници дека се пар од соништата со помош на хаштагот #couplegoals.

Психолозите откриваат: Која е целта на паровите кои постојано објавуваат фотографии на Инстаграм?

Интересно е тоа што некои истражувања тврдат дека за нив важи токму спротивното. Нашите навики за објавување фотографии се директно поврзани со она што научниците го нарекуваат „видливост на врската“, а тоа е степенот до кој сакаме нашите љубовни врски да бидат дел од нашите јавни профили. Според неодамнешните истражувања, доколку имате многу висока „видливост на врската“ и објавувате премногу фотографии со вашиот партнер, тоа можеби е знак дека не сте сигурни во врската.

Истражувачите претпоставиле дека начинот на кој емоционално се поврзуваме со луѓето влијае на видливоста на врската и желбата да се објавува онлајн. Имено, луѓето кои сакаат да се оддалечат од нивните партнери, покажуваат помала желба за видливост на врската, а оние кои се поанксиозни и кои не се сигурни во врската, покажуваат висока желба за видливост. Со цел да ја докажат оваа хипотеза, истражувачите побарале од 108 студенти 2 недели да водат дневник за нивната врска.

„Кога луѓето не се сигурни во чувствата на партнерот, сакаат врската да им биде видлива. Овие истражувања ја нагласуваат улогата на врските во начинот кој луѓето се претставуваат пред другите“, напишале истражувачите.

Џенифер Чепел Марш, брачна и семејна терапевтка од Сан Диего, Калифорнија, која е непристрасна за истражувањето, исто така ја забележала ваквата динамика.

„Луѓето кои одбегнуваат да остварат поврзаност најчесто сакаат да се оддалечат од нивните партнери, додека луѓето кои се анксиозно приврзани, речиси секогаш бараат потврда за нивната врска, дури и на социјалните мрежи. Честопати тие бараат позитивно внимание, бидејќи не ја добиваат потребната сигурност од нивниот партнер“, изјавила Чешел Марш.

Терапевтката го искористила примерот на романтична вечера за да ја илустрира разликата. Поединецот што сака да се оддалечи од партнерот ќе биде задоволен со тивка и интимна вечера, но анксиозниот партнер ќе биде зафатен со објавување фотографии од вечерата на Инстаграм и ќе ужива во тоа. Желбата да се документира целата врска може да стане уште посилна доколку другиот партнер делува отсутно и воздржано во текот на целата вечер.

„Таа неповрзаност им предизвикува анксиозност на нервозните луѓе. Како резултат на тоа, несигурниот партнер ќе направи фотографија од неговата врска и ќе ја објави на Фејсбук за да добие лајкови. Ваквите луѓе најчесто бараат позитивно одобрување поради отсуството на заинтересираност од страна на нивниот партнер“, објаснила Џенифер.

Психолозите откриваат: Која е целта на паровите кои постојано објавуваат фотографии на Инстаграм?

Партнерот кој не објавува ништо може ќе почне да се жали, бидејќи се нервира поради претераното споделување работи на социјалните мрежи. Најчесто, на овие луѓе им пречи тоа што на нивните партнери им е поважно да објават фотографија отколку да поминат квалитетно време заедно.

„Најчестите жалби во однос на социјалните мрежи се поврзани со тоа што еден или обајцата партнери станале зависни од нивните телефони. Социјалните мрежи им даваат можност на луѓето да го свртат вниманието од врската и да го насочат кон нешто друго. Има логика зошто луѓето го прават тоа: Има многу податоци дека нивоата на допамин се зголемуваат поради добивањето лајкови“, открил Зак Бритл, терапевт за парови.

Која и да е причината за претераното споделување (задоволството од добивање лајкови или несигурноста во врската), доколку ве нервираат ваквите објави, запомнете дека луѓето најчесто ги објавуваат само најважните моменти во нивните животи. На крајот на краиштата, не постои конечна причина зошто некои луѓе споделуваат толку многу објави за да се пофалат.

„Луѓето кои споделуваат премногу работи можеби се навистина среќни и сакаат да го искажат тоа преку социјалните мрежи. Можеби мислат дека треба да им докажат нешто на нивните следбеници или пак сакаат да го тргнат фокусот од оние области во нивниот живот за кои се несигурни“, изјавила Даниел Кеплер, терапевтка од Чикаго.

Сепак, ниту една врска не е толку совршена колку што се чини на Инстаграм. Општествените норми ни наложуваат да се смееме на фотографиите дури и да сме се скарале 5 минути пред да се фотографираме. Иако можеби сметате дека луѓето кои постојано споделуваат фотографии се обидуваат да докажат нешто, терапевтите советуваат да не донесуваме избрзани заклучоци за љубовните парови.

„Ако партнерите премногу се трудат да претстават одредена слика, најверојатно се обидуваат да заштитат нешто: Некаква слика или идеал. Зошто? Како терапевт, сметам дека е важно да се постави ова прашања, но не мора да се одговори. На крајот на краиштата, сите парови имаат своја уникатна приказна. Социјалните мрежи им овозможуваат да претстават верзија на таа приказна, која не мора да е реална“, заклучил терапевтот Бритл.

Па, колку често објавувате фотографии со вашиот партнер на Инстаграм? Дали сте од дел од оние што го прават тоа секојдневно или пак се нервирате кога оваа социјална мрежа ви е преплавена со фотографии од вљубени двојки? Што мислите на оваа тема? Пишете ни во коментари!

Во продолжение прочитајте и зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар