Психологијата зад раскажувањето приказни и емпатијата

Психологијата зад раскажувањето приказни и емпатијата

Раскажувањето приказни има огромен ефект врз нашиот мозок и врз нашето однесување. Во серија од експерименти спроведени во својата лабораторија, Пол Зак покажал дека гледајќи кратка и тажна приказна за татко и син, во мозокот на испитаниците се создавале две интересни неврохемикалии:

  • Кортизол – кој луѓето го чувствуваат како тага и го насочува целосно нивното внимание кон приказната.
  • Окситоцин – кој ги развива поврзаноста и грижата и со тоа предизвикува луѓето да чувствуваат емпатија.

Психологијата позади раскажувањето на приказни и емпатијата

Откако ја доживеале приказната, луѓето произвеле повеќе окситоцин и донирале повеќе пари од оние кои не ја гледале приказната. Според резултатите изгледа дека овој молекул ги направил подарежливи.

Погледнете го наредново видео кое го објаснува истражувањето и како тоа се поврзува со 150-годишната теорија за раскажувањето приказни:

Приказните без клучните елементи, како кулминацијата и завршетокот, не влијаат на луѓето на ист начин. Тие едноставно не успеваат да го задржат нивното внимание и луѓето ги игнорираат. Од друга страна пак, приказните кои го поттикнуваат создавањето на окситоцинот не само што ве прават подарежливи, туку и влијаат врз вас на повеќе начини. Според Зак, тој може да помогне во објаснувањето зошто некои луѓе се посклони на влијанието од рекламите.

„Нашите резултати покажуваат зошто кутрињата и бебињата скоро секогаш се дел од рекламите за тоалетна хартија. Ова истражување покажа дека фотографиите можат да предизвикаат создавање на окситоцин во нашиот мозок кој ќе нè натера да имаме верба во одреден продукт или марка и со тоа да се зголеми нивната продажба.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар