Првата фигура која ќе ви „падне“ во око ги открива најдлабоките мистерии на вашата душа

Првата фигура која ќе ви „падне“ во око ги открива најдлабоките мистерии на вашата душа

Сите ние ги гледаме работите поразлично. Можеби гледате птица, а всушност тоа е само зајак свртен наопаку. Сите ние имаме поразлична перспектива и заради тоа поразлично ги интерпретираме дури и истите слики. Погледнете го тестот кој го подготвивме за вас.

1-prvata-figura-koja-kje-vi-padne-vo-oko-gi-otkriva-najdlabokite-misterii-na-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

Ваше е само да кажете што прво ви „падна“ во око на сликата, а ние ќе ви откриеме ваша тајна за која не сте биле ни свесни.

1. Лице

2-prvata-figura-koja-kje-vi-padne-vo-oko-gi-otkriva-najdlabokite-misterii-na-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

Вие сакате да изградите свој карактер. Наместо да се барате себеси, вие ќе се создадете од различни делови како сложувалка. Тоа може да бидат: облека, аксесоари, пријатели или пак апстрактни поими, како вредности, достигнувања, искуства, таленти и слично. Можете да се обидете да бидете блиску до совршенство, но тоа може да биде и контрапродуктивно, бидејќи совршенството е само илузија. Вие се обидувате да соберете знаења од разни области за да создадете идеална слика за себе. Сакате светот да ја види вистината за тоа кои сте. Нема ништо погрешно во таквиот пристап, но бидете сигурни дека вашата главна цел не е одобрување од другите.

2. Мозок/Дрво

3-prvata-figura-koja-kje-vi-padne-vo-oko-gi-otkriva-najdlabokite-misterii-na-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

Како и дрвото, така и вие сакате да растете како личност – особено во знаењето. Сакате да учите нови работи само од љубопитност. Заради таа љубопитност, вие сте страстен обожавател на натприродните феномени, теориите на заговор и необјаснивите мистерии. Вие ја разбирате психологијата и психолошките концепти како да се вградени во вашиот ум. Ако сте се родиле пред илјада години, вие би биле филозоф. Вашиот пристап за самоактуализација е внатрешен. Впивате сѐ што можете од надворешниот свет и потоа сето тоа го анализирате за да дојдете поблиску до вистината. Сакате да го знаете одговорот на прашањето кои сте и што правите на овој свет. Нема ништо лошо во таквиот пристап, само бидете внимателни да не се изгубите себеси во тој процес. Вие не сте одговорот кој го барате, вие сте оној кој поставува прашања.

3. Птици и природа

4-prvata-figura-koja-kje-vi-padne-vo-oko-gi-otkriva-najdlabokite-misterii-na-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

Како и птиците, и вие не се грижите за вашето опкружување и општество. Вие само сакате да летате и да бидете слободни. Не сакате да мирувате и да останете подолго на едно место. Вие не ги сфаќате работите сериозно. Одвреме-навреме сакате да се забавувате и да се препуштите на лудилото. Сакате да бидете опкружени со природа и тоа ве релаксира. Го цените искуството повеќе од знаењето. Со задоволство делите повеќе отколку што мислите. Вие ѝ пристапувате на самоактуализацијата од сите страни, и однадвор и однатре и секогаш гледате напред. Вашата главна цел е да се запознаете себеси и да го искусите светот. Не се грижите за тоа како ве гледаат другите и што е космичката вистина. Се чувствувате како патник на одмор кој е тука само за да се забавува и истражува.

Ве потсетуваме на овој прецизен тест, а вие треба да ни кажете кое лице прво го забележавте на оваа слика?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар