Протолкувајте ги пораките од духовните водачи: Значењето на броевите околу вас

Нумерологијата и синхронизираните броеви како што се 222, 333, 444, 1234 и 11 11 се знаци што нашите духовни водачи ги користат со цел да нè насочат кон вистинскиот пат. Овие знаци ни говорат дали делуваме правилно и каков треба да биде нашиот следен чекор. Тие кажуваат и многу за карактерот, животните цели, мотивацијата, како и за талентот на луѓето. Експертите во нумерологијата ги користат броевите за да си помогнат себеси да донесат одлука кога инвестираат, се венчаат, патуваат, го менуваат работното место или пак, се преселуваат.

Протолкувајте ги пораките од духовните водачи: Значењето на броевите околу вас

Значење на броевите

Различни броеви дефинираат различни карактеристики. Тие можат да се менуваат во текот на целиот живот, во зависност од фазите низ кои поминуваме. Па, доколку во последно време кога размислувате на прашање што ве мачи забележувате одредени броеви околу вас и едноставно чувствувате како да сте некако поврзани со нив, тогаш погледнете ја следнава листа со значења која можеби ќе ви помогне конечно да го откриете одговорот по кој трагате.

Број 0

Неограниченост, единство, бескрајност, вистина, чистина, љубов, алфа и омега, можности, вистинска причина, Божји ден, извор, простор, свест, космичко јајце, Бог.

Број 1

Почеток, новитет, сосредоточена концентрација, тежнеење кон остварување цели, акција, независност, оригиналност, храброст, изум, лидер, самодоверба, амбиција, пионер, волја, свесен ум, позитивност.

Број 2

Двојно, поларитет, избор, бременост, соработка, услуга, хармонија, поддршка, чекање, дипломација, трпение, видовитост, интуиција, прилагодување, емпатија, партнерство, посредник, споредба, помагање, собирање, репродукција, баланс на спротивностите, потсвесна меморија, позитивност и негативност.

Број 3

Тројство, сојуз помеѓу божественото и човечкото, манифестација, позитивност, негативност и неутралност, експресија, фантазија, креативност, оптимизам, ентузијазам, изразување, шарм, хумор, забава, привлечност, пријателство,

Број 4

Практичност, уредност, трпение, логичност, внимателност, верност, градење, упорност, скромност, одговорност, сила, планирање, материјална креативност, рамнотежа.

Број 5

Авантура, промена, слобода, истражување, разновидност, сензуалност, неповрзаност, љубопитност, искуство, периодичност, трагање по знаење, учител, патување, фантазија, невиност, разиграност.

Број 6

Совпаѓање, убавина, негување, љубов, брак, семејство, одговорност, разбирање, сочувство, исцелување, емпатија, перфекционизам, ред, должност, удобност услуга.

Број 7

Филозофија, мудрост, трагање по мудрост, резервираност, изум, стоицизам, рамнодушност, длабок мислител, интроспекција, духовност, вера, егзотично, необично, скриено, потрага по совршенство, етерично, енигма.

Број 8

Постигнување, обилност, извршување, чистина, самодисциплина, моќ, успех, авторитет, психологија, интензитет, надзор, услуга, раскош.

Број 9

Крај, добронамерно, сочувствување, романса, несебичност, великодушност, љубов, мудрост, идеалист, уметност, духовно исцелување, мечтаење.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар